И прегратките може да предизвикаат зависност

Галењето и гушкањето не е само показател на симпатија, туку служи и за снижување на стресот во организмот, се посочува во ново истражување на Универзитетот на Олденбург, северна Германија.



Освен тоа, ако имате висок холестерол, прегратките помагаат и тоа да се урамнотежи. Но, според наводите, сè ова може да предизвика и зависност.

Прегратките и галењето ослободуваат супстанции поради кои се чувствуваме добро. А, сè тоа помага да се изгради поцврста и посилна врска. Делува исто како и бакнеж пред заминување на работа. Научниците веруваат и дека тоа го продолжува животот до пет години.

И, за оваа романтична зависност е одговорен хормонот окситоцин, што поттикнува чувство на среќа, топлина и љубов.

Кога остваруваме телесен допир со некој што ни значи, мозокот испушта големи количества окситоцин. Просто кажано, на мозокот тоа му се допаѓа и телото сè повеќе го посакува и го бара тоа. Така, ако вашиот партнер или партнерка понекогаш изгледа опседнато околу прегратките, за тоа има и научно објаснување.

Според научните сознанија, окситоцинот ја намалува и можноста од неверство. Психијатарот Рене Хурлеман, автор на научниот труд, смета дека честите налети на окситоцин ги прават партнерите попривлечни еден за друг. Освен тоа, константното ослободување на окситоцин поттикнува испуштање и на допамин – уште еден хормон одговорен за тоа човекот да се чувствува добро.

Заклучокот е дека причината за зависноста од прегратки е од хемиска природа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби