Мис Мексико е новата Мис Универзум

Мис Мексико беше крунисана за Мис на Универзумот вчеравечер на гламурознatа свеченост што се одржа на Флорида (САД). Андреа Меза (26) се најде на првото место, пред претставничките на Бразил и Перу.



Шоуто синоќа се врати на малите екрани, откако натпреварот во 2020 година за првпат беше откажан, поради пандемијата на коронавирус. Поранешните победнички на Мис Универзум – Чесли Крајст, Паулина Вега и Деми-Ли Тебоу го коментираа натпреварот, а жири од осум дами ја одреди победничката.

Облечена во светлоцрвен вечерен фустан, Меза се расплака додека одеше на модната писта, по круната.

Меза победи во конкуренција на над 70 натпреварувачки од цел свет. А, 69-oт натпревар се одржа во казино-хотелот „Хард rок“ на Флорида.

Неколку дена пред финалето, Мис Мјанмар, Тузар Винт Левин, која влезе во првите 21 убавица, го искористи своето време за да го сврти вниманието кон превратот во нејзината земја.

– Нашиот народ умира и секој ден е стрелан од војската. Затоа би сакала да ги повикам сите да зборуваат за Мјанмар, рече таа во биографското видео што го покажува нејзиното лично учество во демократските протести против превратот.

Таа исто така ја освои наградата за најдобра национална носија. За време на овој натпреварувачки дел, таа носеше носија украсена со монистра во традиционален бурмански стил, со натпис „Моли се за Мјанмар“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби