Млекото во служба на негата и убавината

Млекото е вистински мелем за телото, независно од тоа дали го пиеме или пак се бањаме во него. Тоа е преполно со витамини, млечни протеини и ензими, па затоа ја негува нашата кожа и ја прави здрава и нежна.



Доколку мислите дека негата на телото секогаш мора да биде скапа, се лажете. Совршената нега може да биде мошне поволна и евтина, а да ја пронајдете во намирниците кои секојдневно се присутни во вашиот фрижидер. Млекото е еден од најстарите хранливи напитоци и мошне корисна состојка на многу препарати за нега на тело. Тајната на Клеопатра била токму во млекото и млечните производи. Млечниот шеќер и млечната киселина делуваат благотворно на кожата бидејќи ја навлажнуваат и ја прават мека.

Полномасното млеко е одлично за сувата кожа. Во него може да се пронајде голема концентрација на млечни маснотии и протеини важни за овој тип на кожа. Тие состојки го опуштаат целото тело и воспоставуваат рамнотежа помеѓу влагата и маснотијата.

Во прилог ви нудиме избор од неколку намирници кои може многу да ви помогнат во негата за вашето тело.

Јогурт

Содржи големо количество млечна киселина и помага во регенерацијата на кожата. Важи за најдобар лек во случај на изгореници од сонце бидејќи брзо ја смирува кожата.

Свежо кравјо сирење

Богато ја надополнува кожата со маснотии, а истовремено го чува нејзиниот природен заштитен слој.

Павлака

Таа е одличен избор за маснотии. Затоа можеме да ја користиме како маска за лице или како купка. Одлична е за сите третмани против брчки.

Кефир

Ја освежува кожата во масни киселини и jа отстранува површинската нечистотија.

Сурутка

Со својата Ph вредност потполно одговара на Ph вредноста на кожата. Добро е од неа да приготвите препарати за смирување на кожата. Купките направени на база на сурутка може да ги смират симптомите на неуродермитис и псоријаза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби