Кокев нè однесе на нова дестинација со колекцијата ,,Пустинска роза”

Со колекцијата, но и со целокупното доживување, Кокев вчера нè однесе во една нова дестинација. Летната колекција на секојдневна гардероба на Кокев беше инспирирана од пустинските оази, а моделите беа вид оживеани пустински рози.

Колекцијата од природни материјали, со комбинација на живи бои и смирени тонови, на моменти имаше драматични пресврти преку креациите со животински принтови. Се чувствуваше дека од иницијалната идеја да се направи сафари колекција, дизајнерката направила нешто повозбудливо, вметнувајќи живост во креациите и во својот препознатлив печат на елеганција и чисти форми. Ревијата заврши со фасцинантна, рачно сликана венчаница, од чија уникатност застануваше здивот.



Режијата на Дејан Пројковски, како и сценографијата на Искра Јанковска Михајловска ја направија ревијата повеќе од само ревија. Доживувањето наликуваше на театарско, успевајќи да нè пренесе во пустински шатор, каде што група девојки сосема спонтано уживаат на зајдисонцето во една оаза. Кореографијата на Олга Панго придонесе да ги видиме моделите во навистина секојдневна атмосфера, наместо само на модната писта. Музиката на Соња Исмаил го потенцираше концептот, така што минувајќи низ африкански мотиви заврши со песната на Стинг, главната инспирација на ревијата – „сонувам за дожд, сонувам за градини во пустинскиот песок, залудно се будам, сонувам за љубов додека времето тече низ мојата рака...“



Дизајнерката Тања Кокев успеа да направи нешто навистина интересно „По долгиот период затвореност за сите нас, имав потреба да направам колекција што ќе нè однесе некаде далеку, во свет на опуштеност, романтика и уживање, каде што можеме да го ослободиме дивото во нас... Сега чувствувам дека имам многу нова енергија, која, секако, и натаму ќе ја преточувам во креирање.“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби