Истражување: Авантурата за една ноќ нѐ прави несреќни

Сите слушнале за поимот „врска за една ноќ“. Оваа тема се среќава насекаде – од Саманта во „Сексот и градот“ до „средновековните“ средби во „Игра на престоли“, па честопати влијае и на тоа како луѓето претпочитаат одредени односи.



Сексот за една вечер, не може да ја замени љубовта. Истражување коешто опфатило 4.000 студенти, посочува дека оние кои неодамна претходно имале секс „за една ноќ“, имаат многу пониско ниво на самоувереност и се помалку среќни. Тие исто така пројавиле повисоки нивоа на анксиозност и депресија.

Се поставува прашањето: Ако сексот без обврски е добар и главно се гледа и прифаќа како нормална активност, зошто луѓето се чувствуваат лошо потоа?

Една од причините биолошки објаснува како кусата авантура влијае на нашиот мозок, пишува „Local“. Имено, мозокот лачи различни хормони за време на сексот, но и за време на гушкањето. Еден од главните такви „двигатели“ се нарекува окситоцин – „хормонот на љубовта“ и „на среќата“. Се смета дека окситоцинот многу придонесува за меѓучовечките односи, без разлика дали се работи за мајка и новороденче, или љубовна врска меѓу двајцa. И жените и мажите лачат окситоцин за време на сексот, а мажите лачат и вазопресин. Тој се смета за „заштитен хормон“ и преку него мажите всушност „ја штитат“ партнерката од другите можни додворувачи.

Но, овие хемиски врски, ако не сме внимателни, може да го попречат нашето размислување. Тогаш гледиштата се менуваат и често се случува да се создаде илузија кон личноста со која сме спиеле.

И покрај фактот што нѐ возбудува да имаме секс преку ноќ, тоа е само „мамка“ за нашиот мозок. Мозокот „мисли“ дека го нашол тоа што го бара, но штом окситоцинот исчезне, се чувствуваме збунето и тажно.

Луѓето, по природа – сите копнеат по љубов и врска, а општеството е тоа што постојано „нѐ притиска“ да бидеме сексуално активни. Но, природата, т.е. биологијата не лаже. Ние всушност, го збунуваме мозокот кога имаме интимни односи со луѓе кои штотуку сме ги запознале.

Значи, дајте ѝ време на врската да се развие. Така човекот сигурно ќе биде посреќен кога работите ќе почнат постепено да се случуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби