Фините момци се „сомнителни“

Убавото однесување денеска раѓа сомнеж, покажа истражувањето кое се спроведе во Велика Британија. Резултатите покажаа дека жените се особено внимателни ако мажот е внимателен и љубезен, да дури 89 отсто од нив не би прифатиле помош, на пример некој да им ги носи кесите од шопинг.

Психолозите заклучуваат дека жените станале сомничави затоа што во денешно време кавалерите се многу ретки.

Непријатност создаваат и постапките кои би требало да бидат вообичаени, да речеме, кога маж ќе и ја придржи вратата на девојка, или и го понуди својот капут доколку и е студено. Овие традиционално „витешки“ постапки во денешно време се толку ретки, што жените веднаш се загрижуваат дека „имаат некакви задни намери“.

Девојките веќе не мечтаат за принц, туку сакаат да бидат самостојни и независни, па согласно на тоа се смениле и стандардите. Осумдесет и два отсто од жените кои учествувале во анкетата, изјавиле дека инсистираат на заедничко плаќање на сметката на првиот состанок, а дури 52 отсто од испитаниците инсистираат сами да ја платата целата сметка.

Резултатите покажале дека нема никаква поента да им се нуди помош на дамите, затоа што 89 отсто од жените не би прифатиле маж да им ги носи тешките кеси од шопинг. Романтичниот гест кога мажот ќе ја наметне девојката со своето сако затоа што е студено има смисла само на филм, во реалноста 78 отсто од жените поради би смрзнале отколку да ја прифатат таквата љубезност.

Изгледа дека сме заборавиле дека луѓето можат да бидат љубезни и фино воспитани без да имаат „задни намери“...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби