Идеи за украсување на велигденските јајца

Како и секоја година, така и оваа, жените ги бојадисуваат јајцата по повод големиот христијански празник Велигден и се обидуваат да ги изненадат своите најблиски со нови мотиви и необични шари. За оние кои освен црвените јајца на својата трпеза сакаат да имаат и по некое необично украсено јајце ги препорачуваме следните пет техники за украсување кои се мошне едноставни и практични за изведување.

Техника со салфетка

Потребен материјал: варени јајца, салфетки со интересни мотиви, една белка од јајце, четкичка

Подготовка: варените јајца оставете убаво да се изладат. Саканиот мотив од салфетките исечете го со ножички и за поставете го на јајцето. Потоа со четката земете од белката и полека премачкајте ја салфетката. Откако саканиот мотив добро ќе се залепи на јајцето оставете го да се исуши. На крај премачкајте ги јајцата со масло.

Шарени јајца на пареа

Потребен материјал: варени јајца, 1 помал сад кој има дупчиња на дното, еден поголем зад за варење, што повеќе бои за јајца, малку алуминиумска фолија

Подготовка: јајцата ставете ги во садот кој има дупчиња на дното. Истиот префрлете го во поголемиот сад и започнете да налевате вода. Потоа отворете што повеќе бои и истурете ги врз јајцата. Откако сте го направиле тоа продолжете да додавате вода, но само додека дојдете до јајцата. Прекријте го садот со алуминиумска фолија и започнете да ги варите од 10 минути. Кога ќе бидат готови премачкајте ги со масло.

Зрнести јајца

Потребен материјал: варени јајца, белка или лепило, пченица, пченка или нешто слично.

Подготовка: Варените јајца се премачкуваат со изматена белка или лепило и се украсуваат со зрната. Доколку сакате на крајот може да ги напрскате со лак.

Јајца со тантела

Потребен материјал: варени јајца, парчиња тантела, бои

Подготовка: јајцата убаво завиткајте ги во саканото парче тантела така што ќе внимавате да не ги скршите. Потоа полека спуштете ги во саканата боја.

Селотејп шарање

Потребен материјал: јајца, селотејп во боја и ножички

Подготовка: со помош на ножичките исечете ги саканите форми и залепете ги на јајцето. Откако ќе го украсите како што посакувате можете да го ставите во саканата боја. Местата кои се прекриени со селотејп ќе оневозможат бојата да допре до јајцето што ќе ви помогне во добивање на шарата која што сте ја направиле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби