Топ 3 грешки кои ги прават жените

Без разлика на годините и местото на живеење, жените честопати прават определени грешки поради кои не се чувствуваат добро во своите врски или пак едноставно не можат да го најдат вистинскиот маж за себе. Постојаното вртење во круг сигнализира дека нешто правите погрешно, а што прочитајте во прилог.

Се губите себе си на сметка на друг

Која сте и што сакате од себе и од животот? Многу жени се губат себе си во периодот од кога ќе стапат во врска до моментот кога треба да го кажат судбоносното ДА. Сакајќи да му угодат на партнерот несвесно ги менуваат своите приоритети и желби и за кратко се претвораат во нешто што не се. Притоа го губат сопственото јас и го збунуваат партнерот бидејќи повеќе не се оние жени во кои тој се вљубил. И додека се изгледа наивно, во суштина ова може да предизвика големи проблеми поради фактот што еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека сте закопале голем дел од себе, за да ги задоволите потребите на партнерот, а притоа сте ја загубиле својата вистинска природа која кога тогаш, повторно ќе се појави на површина.

Сакате некој кој не ви возвраќа

Дали навистина го сакате или ја сакате илузијата која што сте си ја создале за него? Понекогаш се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта и тоа е сосема нормално. Многу жени почнуваат да се опседнуваат и да патат по мажот кој ги отфрлил сакајќи да му покажат и докажат дека направил грешка. Прават се, па дури и се трансформираат себе си со цел да му го привлечат вниманието, што пак го поставува прашањето до кој степен се подготвени да се изгубат себе си за да привлечат некој друг. Доколку треба да се менувате од корен, за да му се допаднете на некого треба да се запрашате дали тој човек вреди за трудот? Треба да се трудите да го најдете оној кој ќе ве сака онакви какви што сте и ќе го разбуди најдоброто во вас, а не обратно.

Колку треба да се вложи во една врска?

Една здрава и балансирана врска е спој од љубов, разбирање, компромис, меѓусебна доверба и почитување. Понекогаш ќе сакате нештата да бидат по ваше, понекогаш тој ќе сака да бидат по негово, но тоа не значи дека сте во лоша врска. Жените не ретко избрзуваат со заклучоците фаќајќи се за секоја ситница и правејќи од мравка слон. Доколку истото ви се случува и на вас обидете се да ги гледате нештата од друга перспектива и опуштено. Не се расправајте за ситници, уживајте во убавите моменти и секогаш трудете се да бидете што пореални како во однос на себе, така и во однос на партнерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби