Ланецот на проституцијата одлично функционира по луксузните клубови и хотели низ Скопје, но и низ Белград. Девојките најчесто се на возраст од 18 до 30 години и обично се студентки.
Сепак, не може секој еден да ги има овие девојки. Тие целат кон клиентела која има длабок џеб и кои се опкружени со добри пријатели, со цел да ги препорачуваат. Заедно со нив девојките често консумираат алкохол, а некогаш и дрога, во зависност од желбите на клиентот. Уживаат во ноќни клубови, а подоцна посетуваат по некој хотел, каде што девојките играат стриптиз, а може да понудат и сексуални услуги. Еден час орално задоволство чини околу 150 евра, од кои 100 одат кај девојките, а 50 евра задржува посредникот или организаторот.
- Организаторите на проституцијата се редовни посетители на сплавовите и клубовите во Белград. Добро ги познаваат менаџерите и сопствениците на тие локали, а благодарение на тоа го шират своето познанство. До клиентите се доаѓа исклучиво преку препораки и тоа во затворен круг на луѓе, објаснуваат од одделението за јавен ред и мир од белградската полиција.
Добро познато е дека елитната проституција е развиена и во нашето Скопје. Многу девојки прифаќаат да бидат т.н. „придружнички“ на одредени бизнисмени, политичари и видни фаци од градот, да им пружат задоволства, па макар и сексуални услуги. Некои од нив се познати старлети, чии секс чини околу 300-500 евра, но и девојки кои за 100-200 евра ви нудат целосно задоволство. Како и белграѓанките, така и скопјанките се обидуваат да се држат до високото друштво и да се покажат во најдобро светло за да ги препорачуваат на нивните богати пријателчиња.
На овој начин девојките живеат на висока нога и често се недостапни за „обичните момци“ со кои нормалните девојки се дружат. На овој живот се навлекуваат по своја волја и можеби незадоволноста од она што го добиваат од нивните родители кои работат само за да им обезбедат еден нормален живот. Освен скопјанките, во овој круг често се наоѓаат и студентките од провинцијата кои се обидуваат да се изборат за добро место во главниот град, па често посегнуваат по елитната проституција.
Откако ќе се навикнат на овој живот, тие не можат да престанат. Алчни се за пари и никогаш со ништо не можат да се задоволат.