Автентичност и префинетост на новата колекција од „Елена Лука“

Модната куќа „Елена Лука“ уште еднаш покажа дека може да создаде креации кои со  совршениот спој на автентичност и префинетост се на нивото на светски познатите модни брендови.

Елена ја претстави својата најнова колекција „Златни узди“ во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, каде гламурозниот амбиент надополнет со музиката од балетот „Ромео и Јулија“ ја претвори ревијата во драматично модно шоу за паметење.

Несомнено е дека „Златни узди“ е колекција  изработена од префинети висококвалитетни материјали кои како да играат со тантели и на крај сочинуваат една уникатна целина. Секоја креација  има свој белег кој ја нагласува автентичноста и создава прекрасно прикажување на моделот. Боите кои преовладуваа на ревијата беа белата, црната и златната, а модното шоу беше заокружено со прекрасна црвена тоалета. Видовме вкупно 49 модели, совршено надополнети со посебно дизајнирани чевли и чанти со потписот на модната куќа.

- Значењето на името „Golden Reins“ или „Златни Узди“ на новата колекција, претставува суштествена компарација. Духот, силата, елегантноста и острата дефинирана интимност на коњот е само компарација со идеалот за девојката и жената, за која се наменети креациите на „Елена Лука“. Нивниот внатрешен сјај ја дава комплетната нота на нашите креации, изјави Елена.

На ревијата присуствуваа видни личности од јавниот живот, меѓу кои и Брејк, Ирена Спировска, Викторија Лоба, Сара Мејс и Мишо Спасовски. По претставувањето на колекцијата следуваше коктел на кој присутните ги споделуваа впечатоците од модното шоу и уживаа во амбиентот на музејот.

Благодарение на прекрасното претставување и прифаќање на новата колекција пролет/лето 2014, модната куќа „Елена Лука“  ќе ја продолжи својата бајка во Виена.

И посакуваме уште поголеми успеси бидејќи нејзината работа и успех е сон на секоја жена!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби