4 начини за отстранување на брчките од лицето

Стареењето е сосема нормален процес, при кој кожата ја губи својата еластичност и започнуваат да се создаваат брчки. Иако не можеме да го вратиме времето назад, можеме да ги одолжиме последиците од него и тоа на 4 едноставни начини.

Кремата со заштитен фактор е задолжителна

Ако сакате убава и мазна кожа со што помалку брчки редовно грижете се за својата кожа. Секое утро мијте го лицето, навечер отстранувајте ја шминката и секогаш кога сте изложени на сонце нанесувајте крем со висок заштитен фактор од сонце.

Ревитализирачка маска со јогурт

На чисто лице нанесете маска од јогурт која што ќе ја приготвите на следниот начин. Измешајте 1 лажица јогурт со 1 лажица мед, половина лажица сок од портокал и половина банана. Маската оставете ја да делува на лицето 15 минути, па потоа измијте се со млака вода. Јогуртот и медот ги намалуваат порите, сокот од портокал ги мазни брчките додека бананата ја навлажуваат кожата.

Свеж лимон за поцврста кожа

Сокот од лимон и самиот лимон се одлични за намалување на брчките и зголемените пори. Пресечете свеж лимон добро истријте ги лицето и вратот со него. Бидејќи сокот од лимон има тенденција да ја суши кожата, потоа нанесете хидратантна крема.

Не ги заборавајте витамините

Постојат 3 витамини кои можат да ви помогнат во борбата со стареењето. Прв е витаминот Е кој ја штити кожата од слободните радикали кои ја оштетуваат кожата и предизвикуваат длабоки брчки. Најдобар извор на овој витамин се најразличните семиња и јаткасти плодови. Втор е витаминот Ц кој ја затега кожата, ја прави поцврста и помладешка, а може да се најде во сите цитрусни овошја и зеленчуци. Трет на листата на витамини кои што треба да ги земате редовно доколку сакате убава кожа е витаминот К. Со текот на годините капиларите околу очите пукаат и настануваат црни кругови поради кои изгледате постаро од тоа што сте. Витаминот К помага да се намалат капиларите и со тоа да ви се врати свежиот изглед на очите. Единствено што треба да направите е да јадете повеќе брокули и зелјест зеленчук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби