Рецепт за среќа во 3 чекори

Во потрага по идеалниот живот, не може, а да не се запрашаме кој е универзалниот рецепт за среќа. Што во суштина ја сочинува среќата? Здравје? Пари? Љубов?

Верувале или не, луѓето кои живеат навистина квалитетен живот, се во одлично психичко и физичко здравје и се среќни со себе и имаат неколку интересни сличности.

Развиена самосвесност за телото

Секој човек кој навистина сака да биде среќен треба да се запраша себе си дали му посветува доволно внимание на своето тело. Да се биде среќен, пред сè, значи да се биде здрав, за да може да се постигнат сите простанати нешта кои што ги посакуваме. Тоа значи дека треба да го третирате своето тело како своевиден храм на душата. Со текот на годините и стареењето, се менуваат и потребите на самото тело, па токму затоа е неопходно да го следите природниот ритам. Среќните луѓе не го истоштуваат своето тело, туку напротив го третираат најдобро што можат. Вежбаат, се движат што повеќе и се трудат да се исхрануваат здраво. Грижата за себе ја сфаќаат како најнормален дел од живеењето кој им е неопходен за да се чувствуваат убаво.

Љубов –двигател на душата

Што е животот без љубов? Макар и да станува збор за љубов кон вашиот домашен миленик или пак родниот крај. Ако сакате да бидете навистина среќни правете го она што ве исполнува и што ви носи радост и исполнување во душата. Доколку постојано чувствувате дека врската во која што сте не е за вас, најверојатно е навистина така. Продолжете понатаму! Животот е краток за да го трошите времето на нешта кои делумно или пак воопшто не ве прават среќни. Осознајте ги своите потреби и тргнете во остварување на соништата.

Пренасочување на енергиите

Среќните луѓе се свесни дека нештата секогаш нема да одат по планот, па затоа се подготвени да ја пренасочат својата енергија кога има потреба од тоа. На пример, ако се случи нешто лошо и немаат никаква моќ за да го сменат тоа, која е поентата постојано да се грижат кога нивната грижа не може да го смени текот на настаните? Наместо тоа, случувањето може да послужи како лекција или пак да ги натера да ги сменат приоритетите и да продолжат понатаму најдобро што можат. Отказот од работното место или пак раскинувањето на врската во определен момент можеби изгледа како крајот на светот, но ако го гледате од друга страна, тоа е совршена можност за нешто ново, далеку подобро и нешто што ќе ве направи многу посреќни од претходно.

Започнете го денот со убава мисла и впуштете се во него со позитивна енергија. Ова можеби нема да биде совршен ден, но ќе биде денот кој никогаш повеќе нема да се повтори. Затоа мудро потрошете го своето време и никогаш не правете компромиси кога станува збор за вашата среќа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби