Маска за лице од јогурт и лимон

Домашната маска од јогурт и лимон е едноставен начин да ја одржувате вашата кожа чиста, нежна и хидратизирана, со изедначен тен, без акни и митесери.



Зошто е лимонот добар за кожата?

Сокот од лимон ја намалува појавата на старосни пеги, како и дамки од акни. Лимонот е одличен аксфолијант кој содржи алфа-хидрокси киселина и витамин Ц – две состојки со лековити својства за кожата. Имено, алфа-хидрокси киселината и лимоновиот сок служат за отстранување на мртвиот слој на кожа и за избелување на пегите со што се изедначува тенот, а витаминот Ц го стимулира производството на колаген, кој ја прави кожата еластична и ја спречува појавата на брчки.

Од друга страна, јогуртот ги чисти порите и ја прави кожата да изгледа поцврсто. Јогуртот содржи млечна киселина која делува како природен пилинг за длабинско чистење на кожата и помага при отстранување на дамките на лицето. Исто така, овој млечен напиток ја подмладува кожата и ја прави понежна.



Како да направите маска?

Помешајте 2 лажици јогурт и половина лажичка сок од лимон. Добро измешајте и нанесете ја маската на лицето со кружни движења. Оставете ја да отстои најмалку 20 минути, а потоа убаво исплакнете се со млака вода. Немојте да се изложувате на сонце минимум еден час по отстранувањето на маската од лицето, бидејќи истото ќе биде почувствително. За најдобри резултати, маската нанесувајте ја навечер пред спиење, еднаш неделно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби