Генијална идеја или уште една глупост? Tata Top е бикини топ кој е дизајниран за да ги залаже сите оние кои се околу вас дека сте топлес, кога реално не сте.
Замислете ги само погледите на сите оние околу вас кога ќе се појавите на базен или на плажа во еден ваков горен дел. Најверојатно ќе ви честитаат на храброста или пак ќе ви се изнасмеат.
За сега Tata Top може да се најде само во светло беж боја, но се очекува да биде произведен и во другите тонови на кожа.
Дизајнерите на овој топ велат дека го креирале за да го направат гледањето на голите женски брадавици нормална појава бидејќи се уште постојат многумина кои сметаат дека топлесот е непристоен.