Каква личност сте според вашето домашно милениче?

Што преферирате повеќе – мачки или кучиња? Или можеби желки? Дали вашето крзнено пријателче е големо или мало, или пак дебело? Верувале или не, вашиот миленик открива многу повеќе за вас како личност.



Дебела мачка

Доколку имате дебела мачка вие сте премногу љубезна личност. Имате тенденција да бидете интровертни и пријатни. Внимавајте да не бидете премногу благи и толерантни со луѓето и да не им дозволувате на другите да ве искористуваат.

Мачка

Вие сте интровертна личност и сакате да имате време само за себе, но сепак сте внимателни. Креативни сте е ориентирани на детали, особено кога е во прашање некоја ваша пасија.

Желка

Не бегате од одговорност и многу сте уредни, што се одлични квалитети кај еден човек. Потрудете се да ги исполните сите ваши обврски за да можете да си дозволите и малку да се опуштите и да се забавувате. Можеби понекогаш сте многу срамежливи, но кога ви значи во состојба сте да приредите забава за која долго ќе се зборува.

Големо куче

Имате големо срце! Сакате да дарувате љубов, сакате удобност и не бегате од предизвиците во животот.



Куче со средна големина

Вие сте практична и забавна личност. Уживате во животот и знаете како да го извлечете најдоброто од секоја ситуација. Луѓето ги привлекувате со вашата насмевка и топлина.

Мало куче

Сакате да се дружите и по природа сте авантуристи, па недозволувате нешто така лесно да ви го расипе расположението. Ова е голем квалитет, но внимавајте да не заборавите на оние на кои најмногу им значите и кои ве сакаат.

Зајак

Ги сакате малите удобности во животот. Многу животни одлуки ги носите на основа на најсигурниот пат. Не би било лошо од време на време да преземете и некој ризик, под услов тоа да не го загрозува вашиот живот, секако. Како и да е, нема ништо лошо во сигурните работи во животот.

Голема птица

Вие сте софистицирани интелектуалци. Понекогаш тоа ги плаши луѓето, заради што тие самите губат. Вие сте најугледните и најважните гости на големи и важни собири, кои секогаш го носат најдоброто вино.



Мала птица

Вие сте родени сонувачи. И нема ништо лошо во тоа. Многу сте креативни и сакате да се препуштате на мечтаењата за далечните земји. Покрај тоа, вие сте одлични слушатели, а тоа е квалитет кој на вашите пријатели многу им значи.

Тарантула

Вие сте паметни, драги мизантропи. Ве фасцинираат сите оние работи кои другите ги сметаат за чудни.

Змија

Вас не ве интересира како луѓето изгледаат или како делуваат. Oна што навистина ви значи е кои се тие навистина. Ова ве прави одличен пријател на оние кои се подготвени да бидат искрени кон самите себе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби