Браковите меѓу припадници од ист пол 10 години подоцна

Браковите меѓу припадници на ист пол кај нас не се ни дозволени, но тоа не ги спречува да си ги бараат своите права. Малкумина кај нас ги поддржуваат врските и браковите на припадниците на LGBT заедницата, а често пати сме биле сведоци на нивни собири и паради.



Оние кои се хетеро, навистина се прашуваат дали вреди жртвувањето низ кое поминуваат припадниците на LGBT заедницата. Многу семејства се откажале од своето чедо поради тоа што чувствува поголема привлечност кон некој од истиот пол, отколку кон спротивниот и честопати се исмејувани од општеството. Да не заборавиме дека и тие се луѓе кои имаат свои мислења и свои сфаќања, но сепак нормална врска, иако е меѓу ист пол. И тие чувствуваат, се смеат, плачат и се забавуваат со своите партнери. Поминуваат низ многу повеќе пречки и жртвувања, отколку оние „нормалните врски“, па можеби поради тоа би се осмелиле да кажеме дека кај хомосексуалците има вистинска љубов.

Во одредени држави во САД, хомосексуалните бракови се одобрени со закон, па тоа ги усреќи многу парови заедно да запловат низ брачните води и да го искусат живот како еден „нормален“ хомо-пар. Но, каде се тие 10 години од нивното стапување во брак? Со вас ги споделуваме првите 5 парови кои во Америка стапиле во брак. Некои од нив се промениле доста, некои воопшто не се смениле, а еден пар се разделил. Нели ви звучат како нормален брак?

Шетавме насекаде, по раѓањето на децата веќе не бевме слободни



Дебора Гер Ричман и Шилеј Курноу почнале да излегуваат во доцните 90-ти години, а во 2002 година се свршиле и тоа со пластичен прстен. Живеат заедно уште од 2001 година во истиот стан, а се венчале веднаш штом ги легализирале хомосексуалните браковите во Масачусетс.

Денеска тие имаат две деца, 6 годишниот Феликс и 2-годишната Елинор. Тие се центарот на нивните животи и признаваат дека откако дошле на свет нивните деца немаат време да излегуваат толку многу, но сепак одделуваат време една за друга.

Минатиот месец ја прославија 10-годишнината од бракот во еден шпански ресторан.

Семејството на жена ми ме прифати како своја ќерка



Мери Бет Касчета и Мерил Кон се запознале во доцните 90-ти години, но се додека Мери не ја видела Мерил во емисијата на Опра, не ја сфатила нејзината убавина и интелигенција. Почнале да излегуваат и подоцна се венчале во Масачусетс. Но, семејството на Мери се откажало од неа, освен мајка и која знае понекогаш да и се јави, па затоа семејството на Мерил ја прифатило како нивна ќерка.

Тоа биле тешки денови за Мери, но со нејзината сопруга успеале да го поминат и најтешкото. И двете се писателки и уживаат да поминуваат време пишувајќи.

Сопруг е чуден збор, нели?



Бред Ричард и Мајкл Шанон се шеговити партнери кои често се шегуваат на своја сметка. Ним не им е пријатно да се обраќаат меѓусебно со сопруг или маж, па може да го користат зборот сопружник, што е навистина формален. Се одлучиле за средина – мојата друга половина.

Тие ја започнале својата врска во 1994 година, а на почеток не ни планирале брак поради големата разлика меѓу нив од 12 години. Сепак, откако се родила вистинска љубов направиле една мала забава за пријатели и се венчале. Сепак, не сакаат да имаат деца, доволни си се самите на себе.

Лудо беше, но навистина бевме една мистериозна двојка



Во 1995 година, Хилари и Џули Годрич ја имале најприватната свадбена церемонија, која се одржала во нивниот двор во Бостон. Никој не бил поканет, само тие две си прочитале завети.

Сепак, по неколку години се венчале во јавност и тоа пред медиумите, што било навистина стресно за нив. По две години во брак и 19 години врска, решиле да се разделат. Сепак, нивната 18 годишна ќерка се уште ги одржува и ги спојува.

Универзалниот збор „родители“ го заменивме со „мајки“



Диан Куртис и Елен Лечс убаво им објасниле на своите деца, 12-годишниот Џејми и 6 годишниот Роми, дека во Масачусетс да имаш две мајки е сосема нормално. Средината во која живеат целосно го прифатила нивниот брак и тие се посветени родители како и останатите.

Почнале да се гледаат во 1994 година, а во 1998 година успеале да се венчаат. Бракот не ги сменил воопшто, но затоа децата ги смениле да гледаат поодговорно на работите.

Дефинитивно, браковите меѓу личности од ист пол функционираат исто и како нормалните бракови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби