Уметност која ја враќа надежта

Отстранување на ракот на градите за многу жени претставуваа голема промена со која тешко успеваат да се справат. Сепак, повеќето од нив пронаоѓаат неконвенционални начини за надминување на искуството низ кое што поминале, а воедно и да го прифатат изгледот на своето тело по реконструктивната хирургија.

Петси Мекдоналд и жените како неа, својата надеж ја пронајдоа во тетовирањето на брадавици. Оваа форма на уметност им помогна да ја вратат изгубената самодоверба, повторно да се засакаат себе си и да се чувствуваат женствено.

-Мислам дека многу жени сакаат да изгледаат како порано. Но, вашето тело е променето засекогаш. Никогаш нема да изгледате како порано, па морате да се откажете од таа идеја. Јас не сакав да се вратам на тоа што некогаш бев и тоа како изгледав порано. Се прашував како можам да изгледам подобро, поубаво и да се чувствувам ОК со сите нови делови на моето дело, вели Мекдоналд која за разлика од другите жени кои сакаат само брадавица, на своето тело има тетоважа на цвеќиња.

Жените кои имале рак на градите и сега имаат нови гради честопати се чувствуваат лошо кога ќе се погледнат во огледалото, а таму гледаат нешто кое воопшто не наликува на нивното поранешно тело.

-Речиси секоја жена со која што сум зборувал ми вели дека го има она чувство на некомплетност, чувство дека не е цела. Секогаш кога ќе завршам една тетоважа слушам жени кои ми велат дека сум успеал да им го вратам тоа чувство на целина, објаснува тату артистот Вини кој месечно црта и до 70 вакви тетоважи.



Благодарение на неговата дарба и изборот на вистинските бои, жените кои го посетиле неговиот салон конечно можат да бидат среќни со она што го гледаат во огледалото.

-Во мојот случај поради мојата дијагноза и агресивноста на ракот ми беше препорачано да ги отстранам и двете гради. Добрата вест е што денес постојат многу техники благодарение на кои жените можат повторно да имаат гради, но тетовирањето на брадавиците го прави сето тоа комплетно, вели Елис, чии нови брадавици се толку реални што дури и лекарот која ја прегледувал мислел дека се вистински се додека не погледнал подобро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби