Совети за правилно миење на косата

Миењето на косата спаѓа во основните и најчестите хигинески навики. Но, знаете ли, на пример, која е идеалната температура на водата за миење? Ви претставуваме неколку работи кои треба да ги имате на ум.



Изберете го соодветниот шампон

Важно е да одберете шампон кој е наменет за вашиот тип на коса. Доколку имате тенко влакно, идеален би ви бил шампонот за поголем волумен.

Длабинско миење на косата

Од време на време пожелно е косата да ја миете со специјален шампон за отстранување на насобраните наслаги, особено доколку чувствувате дека косата ви е сува и дека не реагира на производите за нега на косата.

Русокосите треба почесто да практикуваат длабинско миење на косата

Жените со руса коса би требало почесто да го применуваат шампонот за длабинско миење, затоа што хемикалиите од бојата и разните препарати за осветлување на косата, го прават влакното порозно, заради што истото полесно ги впива нечистотиите.

Рок на траење на шампонот

Шампоните имаат рок на траење од 2 до 3 години, па затоа обрнете внимание на датумот на производство при нивното купување.

Масирање

Додека ја миете косата со шампон, добро тријте го и масирајте го скалпот бидејќи на тој начин ќе ја зголемите циркулацијата, а со тоа пак се забрзува растот на косата.

Не претерувајте со шампонот

Доволна е мала количина на квалитетен шампон за добро да ја измиете косата. Доколку направите премногу пена, нема да успеете добро да ја истриете главата.

Температура на водата

Доколку водата со која се миете е премногу топла, косата ќе ви изгледа безживотно кога ќе ја исушите. Најдобро е за шампонирање да користите потопла вода, а да се планкнете со поладна.

Суво миење на косата

Доколку не сакате косата да ја миете секој ден, тогаш најдобро е преку едно миење да користите специјален шампон наменет за суво миење. Оставете го шампонот да делува преку ноќ, за да има доволно време косата да го впие сиот прав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби