Обликот на ноктите го открива вашиот карктер

Како што очите се сметаат за прозорци на душата, старата јапонска мудрост вели дека обликот на ноктите говори многу за вашиот карактер.



Погледнете ги сликите и пронајдете го обликот на вашите нокти, па потоа прочитајте што откриваат тие за вас.

Долги и рамни

Доколку имате долги нокти кои се приближно еднакво широки кај коренот и на врвот, вие спаѓате во групата на урамнотежени роматичари со мек карактер. Веројатно десната страна од мозокот ви е повеќе развиена, што значи дека имате голема креативност. Уредни сте, но атмосферата може лесно да ве понесе и да ве заведе, па затоа бидете повнимателни и помалку наивни.

 

Проширени во средината



Доколку вашите нокти се шират кон средината, тогаш вие сте теоретичари со слабо трпение, што значи дека лесно избувнувате, најчесто кога ќе ви кажат дека вашата теорија за нешто не е соодветна. Поразвиена ви е левата страна од мозокот и сте многу елоквентни. Со зборовите лесно можете да претерате во врска со сето она што го мислите. Знаете да бидете доста нетрпеливи и потребна ви е самодисциплина.

 

Јајцевидни или елипсовидни



Ако имате јајцевидни или елипсовидни нокти, тогаш сигурно сте опуштен пацифист, кој пред сè го цени мирот. Вие сте многу друштвена личност, а вашиот карактер им се допаѓа на многумина. Сепак, понекогаш знаат да ве карактеризираат како „празноглави“, односно за личност која не се грижи за ништо. Внимавајте заради тоа да не ги изгубите пријателите.

 

Коцкасти



Доколку вашите нокти се коцкасти, вие сте сериозни и тврдоглави, а најверојатно и припадник на посилниот пол. Имате храброст и моќ на убедување. Сериозниот став е секако позитивна особина, но вашата тврдоглавост и нефлексибилност се како несовршености на скапоцен камен. Бидете поприлагодливи!



Триаголни

Оние со триаголна форма на ноктите се среќни бидејќи спаѓаат во групата на чувствителни генијалци. Секогаш смислувате нешто ново и забележувате детали кои другите ги пропуштаат. Обратните триаголници понекогаш знаат да бидат малку агресивни, а другите пак премногу чувствителни и да не поднесуваат гласни и недискретни луѓе околу себе.

 

Облик на бадем



Обликот на бадем значи дека сте одани и искрени. Имате разиграна имагинација и секогаш сте љубезни со луѓето. Многу сте пристојни, но сепак толеранцијата не ви е силна страна – избувнувате кога ќе се најдете во ситуација која не можете да ја прифатите. Во такви моменти најважно е да ја изладите вашата глава.

 

Проширени над коренот


Овој малку необичен облик означува амбициозен идеалист. Не ви пречи кога треба да ги засукате ракавите за да ги остварите целите кои ги имате зацртано. Што и ви помага да ги достигнете вашите идеали, ќе се согласите на тоа! Но, соработката со другите луѓе е нешто на што би требало да поработите. Ве полудуваат луѓе кои проблемите ги решаваат со бавно темпо и не можат да ве следат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби