Како да трае вашиот костум за капење подолго време?

Иако ниеден костум за капење нема да трае вечно, а и трендовите постојано се менуваат, правилното постапување со вашиот костум за капење ќе ви помогне омилениот модел да го носите подолго.



Изберете цврсти материјали

Колку ќе трае еден костум најмногу зависи од тоа колку често и каде го носите, но и начинот на кој го перете и сушите. За жал, по некое време едноставно костумот станува проѕирен или се растегнува, ја губи еластичноста, а на тоа влијаат солта, хлорот и сонцето. Повеќето костуми за капење денес се прават од вештачки материјали – најлон, полиестер, ликра или микрофибер, кои брзо се сушат.

Кога купувате костум, гледајте да е од што поцврст материјал или да има два слоја. Памукот не е некој добар материјал бидејќи на него хемикалиите од базенот или УВ зраците уште повеќе влијаат и на тој начин и костумот побрзо ќе се уништи.

Најголем непријател на костумите се базените, односно хлорот и хемикалиите во овие води. Исто важи и за џакузито, а по долго време и солената морска вода ќе има негативно влијание врз вашиот омилен костум. Сепак, денес постојат костуми отпорни на хлор и на УВ зраци.

По бањањето

Кога ќе завршите со бањање во базен или во море, немојте да го оставите мокар костумот да се суши на сонце, а пред тоа да не го исперете со обична вода. Идеално е да го исперете со благ детергент, но ако сте на плажа и ја немате таа можност, сепак потрудете се хлорот и солта целосно да излезат од костумот со млаз обична вода.



Пазете на кремите за сончање

Кога нанесувате крема за сончање, нанесете прво на подрачјето покрај костумот. Пазете да не го допрете костумот со кремите, бидејќи ќе ви останат флеки.

Сепак, ако средството допре до костумот, обидете се со сода бикарбонат да ја протриете флеката. Ставете сода на флеката и оставете да отстои час до два, па потоа исперете го.

Како правилно да го перете

Најдобро е да го перете на ниска температура, на програма за рачно перење во машина или рачно, со благ детергент. Секако избелувачите и пеглањето се забранети.

Сушење

Јаките сончеви зраци го оштетуваат материјалот, па костумите за капење најдобро е да ги оставите да се сушат на сенка, отколку на сонце. За сушење побитна е циркулацијата на воздухот, отколку сончевата топлина.



Внимавајте каде седите

Внимавајте каде седите или каде ќе го оставите костумот да се суши. Ивиците на бетонските базени или дрвениот мебел може да го уништат костумот и ќе изгледа старо и излитено.

Грижете се за вашиот омилен костум за капење доколку сакате тој да ви трае подолго.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби