Жените и понатаму се по потрага за најдобрите начини со цел што подобро да се вклопат во сè уште „машкиот“ бизнис свет.
Според едно истражување од 2012-та година кое го спровело американскиот Завод за статистика, 58 отсто од работно способните жени или се невработени или работат, но сè уште се во потрага за својата работа од сoништата. Но, кои се најпопуларните работи денес?
Тоа е откриено неодамна при истражување на страницата Career Cast во кое во предвид се земени различни елементи, од работната околина, физичките барања, конкуренцијата па се до приходите и нивото на стрес.
Така меѓу најпопуларните работи се:
1. Огласување и промоција
2. Компјутерски аналитичар
3. Стоматолог
4. Организација на друштвени настани
5. Менаџер за човечки ресурси
6. Финансиски аналитичар на пазарот
7. Терапевт
8. Физиотерапевт
9. Односи со јавност
Добра вест за жените е што се повеќе се вработуваат на позициите, за кои досега се мислеше дека се резервирани исклучиво за мажите.