4 природни начини за справување со целулитот

Целулитот е еден од најчестите проблеми со кои се соочува женската популација. Некогаш се појавува поради намалена физичка активност, друг пат поради лоша исхрана како и поради намалена циркулација и генетска предиспозиција. Наместо да трошите цело богатство на скапи третмани и масажи ви препорачуваме 4 природни начини кои ќе ви помогнат да го постигнете саканиот ефект.

Суво триење – ги отвора порите и ја подобрува циркулацијата. Се препорачува да се изведува два пати во текот на денот и пожелно пред туширање. Движењата треба да бидат од коленото кон горниот дел на ногата, со умерен интензитет за да не ја иритирате кожата. Ова е еден од наједноставните, најевтините и ефективни начини да го подобрите изгледот на кожата за краток период.

Консумација на желатин – се верува дека земањето на желатин освен тоа што го намалува целулитот ја затегнува кожата, го подобрува нејзиниот изглед и ги зајакнува зглобовите. Според една теорија недостатокот на желатин во нашата исхрана доведува до зголемување на целулитот бидејќи ни недостигаат потребните блокови за здраво сврзувачко ткиво. Желатинот содржи значајни аминокиселини кои се корисни за имунолошкиот систем и за регулација на тежината.

Пилинзи со кафе – веќе одамна е познато дека кафето е корисно во борбата против целулитот затоа што ја подобрува циркулацијата и има затегнувачки ефект. Се што треба да направите е домашен пилинг од кафе кој што редовно ќе го користите.

Потреби состојки:

  • Половина чаша талог од кафе
  • 3 лажици шеќер
  • 2-3 лажици затоплено кокосово масло

Употреба:

Комбинирајте ги состојките и направете паста со која што ќе ги поминете проблематичните места. Убаво масирајте го местото и оставете да дејствува во рок од 15 до 30 минути. Потоа измијте се со млака вода.


Масажа со сукло – вашето сукало за месење може да послужи и како одлична алатка за справување со целулитот. Се што треба да направите е секој ден со него да ги поминувате деловите на кои имате целулит. За уште подобар ефект најпрвин нанесете антицелулитна крема, а потоа започнете со масирањето. Не стискајте премногу за да не си направите модринки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби