Секс, готвење, бакнувања...

20-те тајни на совршената љубовна врска!

Тајната за перфектната љубовна врска се крие во признавањето на вината по расправија, петте бакнежи на ден и секс два пати неделно, открива последното истражување.

Ова се само неколкуте клучните моменти за успешна врска, а тука би го додале и споделувањето на домашните обврски како и почестите излегувања на романтична вечера.

Британските научници составија обемна листа од 20 најважни фактори кои ќе обезбедат паровите да поминат повеќе време заедно и да бидат посреќни во животот.

Интересно е тоа дека да се биде родител не се најде помеѓу 20-те фактори во истражувањето во кое учествуваа 2.000 возрасни луѓе.

Споделувањето на две хобија, кажувањето на „те сакам“ барем еднаш на денот, особено пред одењето во кревет, како и сметањето на вашиот партнер за најдобар пријател исто така се знаци за долговечна љубов и разбирање.

- Добро е што на луѓето не им се потребни скапи одмори, подароци или живот на многу висока нога за да бидат среќно вљубени и да уживаат во љубовта и животот. Важно е времето кое тие ќе го поминат заедно, вели еден од научниците, Ендру Робертсон, кој ја предводел студијата.

Останати индикатори за хармонично партнерство е сличниот вкус за филмови, музика, јадење, како и чувство за романтика.

- Важно е партнерите да сакаат исти, или пак слични работи. Убаво е кога вашиот партнер сака да патува и да оди на одмор на истото место на кое што сакате и вие. Истото важи и за пополнување на слободното време за време на викендите или пак кога ќе се вратите од работа. Барем три заеднички пријатели исто така е важна работа, бидејќи заедничката дружбата со пријателите е битен фактор, додава Робертсон кој открива дека сексот и изјавувањето на љубов преку галење, бакнежи и кажувањето на „те сакам“ се наоѓаат високо на листата на работи кои треба да ги има една врска за да биде перфектна.

Работи поради кои партнерите најмногу си замеруваат се: лошото возење, оставањето на валкани алишта по станот, трошењето на месечниот буџет и негрижата за лична хигиена.

Ви ги откриваме 20-те тајни за перфектна врска според тежината:

1. Признавање на грешката по расправија

2. Кажување „те сакам" пред спиење

3. Делење на домашните обврски

4. Чести заеднички излегувања

5. Заедничко готвење

6. Двапати неделно секс

7. Заедничко миење садови

8. Ист вкус за филмови и музика

9. Познанство преку заеднички пријатели

10. 3 години и шест месеци разлика во возраста

11. Две заеднички хобија

12. Минимум тројца заеднички пријатели

13. Три романтични вечери месечно

14. Најдобри пријатели

15. Бакнување пет пати на ден

16. Гушкање пет пати на ден

17. Заедничко планирање на слободното време

18. Две недели заеднички одмор годишно

19. Двајцата да имаат полно работно време

20. Ист вкус за храна



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби