Сè дречи: Дали и вие подлегнавте пред жешкиот тренд?

Она за што некогаш се мислеше дека е неможна модна комбинација, сега е посакуван и тренди моден аутфит.

Силните бои споени со лудо добри комбинации ги обожаваат светските дами, а се случува и по некоја домашна трендсетерка да ја забележи на нашите улици како носи силни бои кои дречат од далеку.

Дури и оние кои играат на сигурно и сакаат монохроматски комбинации, започнаа барем да носат по некој силен детал.

Живите бои измешани во откачени комбинации, можат да изгледаат многу секси, провокативно, па дури и елегантно, а тоа добро го знаат Софија Вергара, Оливија Мун, Алесандра Амбросио, Никол Шерцигер и други.

- Да, живите и силните бои се одлични за комбинација и за разлика од минатото, сега тие се тотално ин. Најпрвин овие комбинации прошетаа по модните писти, за потоа со мало закаснување ги прифатат селебрити девојките кои се и тоа како активни насекаде во медиумите.

Сега, овие силни живи бои можеме да ги видиме насекаде околу нас. Би рекол девојките да не се мислат и да ги прифатат т.н. живи комбинации бидејќи навистина се и ќе бидат голем тренд, вели популарен моден критичар од Њујорк.

Доколку не сте вљубеник во боите, а сакате да ги следите трендовите, за успешен стајлинг ќе ви биде доволен некој силен моден додаток, како високи потпетици, балетанки или пак торба.

Доколку тоа е премногу, тогаш едно упадливо ланче или прстен, кој пак би можеле да покажат дека имате малку модна храброст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби