Каков карактер имате според омиленото овошје?

Во зависност од тоа кое овошје најмногу го сакате можете да откриете многу за вашиот психолошки профил. Забавувајте се и прочитајте што говори за вас вашето омилено овошје, па сами проценете дали сето ова има научна вистина.

Портокал



Главните карактеристики на вашата личност се издржливост и силна волја. Сакате да работите бавно и промислено и не се плашите од тежок труд. По малку сте срамежливи, но сте искрени и вистински другар. Размислувате естетски. Внимателно ги избирате партнерите и сакате со сето срце, а конфликтите ги избегнувате по секоја цена.

Јаболко



Јаболкото им е омилено на оние кои се екстравагантни, импулсивни, слободни и најчесто доста темпераментни. Не умеат баш најдобро да се организираат самите, но се добри лидери на тимот и ефикасно ги туркаат работите во нагорна линија. Во повеќето ситуации реагираат импулсивно. Обожуваат патувања и зрачат со шарм кога се во друштво на партнерот. Низ животот ги води ентузијазам како ретко кој друг.

Банана



Ви сте добра личност. Нежен, топол и симпатичен љубител на природата. Често ви недостасува самодоверба и сте плашливи по природа. Луѓето често ја злоупотребуваат вашата љубезност и ранливост. Кај партнерот ја сакате физичката и менталната убавина, а вашите врски се многу хармонични.

Кокос



Изборот на кокос покажува дека сте сериозна, промислена и студиозна личност. Иако сакате да се дружите, прилично сте пребирливи во изборот на пријатели, а остварените пријателства ги цените многу. Во главно сте тврдоглави, но не и нерационални. Со вашиот остроумен, агилен и брз ум секогаш сте на врвот на исполнување на задачите, особено на работа. Во врска сте лојални и барате партнер кој може да се пофали со интелигенција, додека страста ја оставате во втор план.

Ананас



Брзи сте во донесувањето на одлуки, а уште побрзи во нивното извршување. Кога треба да направите позитивни промени во вашата кариера, се однесувате доста храбро. Имате одлични организациски способности и не ве плаши обемот и тежината на поставената задача. Сигурни сте во себе, а искрени и чесни во односите со другите. Не склучувате пријателства лесно, но кога еднаш ќе го остварите, тогаш тоа трае за цел живот. Вашиот партнер е импресиониран од вашите вредности, но често го разочарува вашата неспособност да го покажете вашето вистинско расположение.

Папаја



Вие сте бестрашна личност и во корист го претворате сето она што животот ви го приредува. Размислувате добро за сè што правите. Имате добра смисла за хумор, која во комбинација со вашата великодушност, ви осигурува високо место во срцата на луѓето. Во деловниот свет сте тип „што на ум тоа на друм“, а имате добро чувство да го препознаете вистинското место во вистинското време. Уживате да запознавате нови луѓе и да посетувате нови места кога и да ви се укаже прилика. Спротивниот пол најчесто го привлекувате со вашата добра и шармантна смисла за хумор.

Манго



Личноста која сака манго е онаа на која можете да се потпрете. Таа има искристализирани идеји и тешко е да потпадне под туѓи влијанија, а екстремист е за она што го сакаат или не го сакаат. Ситуацијата секогаш ја држат под контрола, а уживаат да бидат учесник во она што бара ментален напор. За разлика од тоа, кога се со партнерот се многу кротки, прилагодливи и тежнеат да остварат што поцврста и длабока врска.

Вишна



Доколку вашето омилено овошје е вишната, животот не секогаш ви е сладок. Честите подеми и падови, првенствено на деловен план, се чести. Понекогаш воочувате дека сте заработиле малку наместо многу. Имате бујна фантазија и често сте учесник во креативните активности. Како партнер сте многу искрени и одани, но тешко ви е да ги покажувате чувствата. Вашиот дом е ваше царство, па ништо не ви е помило од тоа да бидете окружени со семејството и со вашата сакана личност.

Црно грозје



Во главно сте многу пристојна личност, но ви се случува и да избувнете и да изгубите контрола, по што брзо се смирувате. Уживате во убавината во секој поглед, вклучувајќи ги и убавите луѓе. Вашата топла и друштвена природа ве прави доста популарни во социјалниот свет. Уживате во сè што го правите, почнувајќи од начинот на кој се облекувате, па до организирањето на животот до ден во ден. Вашиот партнер мора да биде сличен на вас, за да може во потполност да ужива во сето она што го нудите.

Праска



Како и праската, уживате во сите сокови на животот, во неговата содржина и зрелост. Пријателски сте настроени, отворени сте и подготвени за разговор, што ви дава особен шарм. Подготвени сте брзо да простите и да заборавите. Пријателството е нешто што се наоѓа високо на листата на вашите приоритети. Поседувате црти на независност и амбициозност, а во љубовта сте идеален партнер - нежни и страстни, искрени и предани. Но, тоа не сакате да го покажувате пред очите на јавноста.

Излупено јаболко



Вие сте скромна и конзервативна личност, која знае да биде многу чувствителна. Покажувате тенденција добро да размислувате за сè, па затоа тешко влетувате во непознатото. Многу сте амбициозни и добри во сè што бара детална работа или работа со бројки. Грешките веднаш ги пронаоѓате. При избор на партнер се водите од интелектот, пред физичкиот изглед и страста. Прилично сте срамежливи и непријатно се чувствувате кога ги покажувате вашите емоции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби