Како полесно да го преживеете понеделник?

После спокојниот викенд поминат во релаксација, активности и дружење со семејството и пријателите, или пак лудување до доцните часови, понеделникот ни доаѓа како тортура од која нема бегање.

Еве неколку ефикасни совети како да го преживеете најтешкиот ден во седмицата.

Разбудете се порано

Можеби звучи контрадикторно, но раното будење може да биде почеток на еден одличен понеделник. Наместо да се излежувате во креветот до последен момент, а поатоа под стрес да не знаете што попрво да направите за да не задоцните на работа, разбудете се половина час порано, истуширајте се и одвојте се 15-тина минути за да поуживате во утринското кафе. Така релаксирани, многу полесно ќе одговорите на предизвикот кој го бара новата работна недела.

Направете листа

Во текот на неделното попладне направете листа на сите активности кои треба да ги направите во претстојниот ден. На тој начин многу полесно и поорганизирано ќе успеете да завршите се што треба, без притисок и ризик нешто да остане заборавено.

Пуштете си музика

Направете си плејлиста која ќе ја користите во моменти кога ќе ви биде потребно енергично и добро расположение. Понеделникот е дефинитивно таков ден. Можеби ритамот на хитовите од 80-тите ќе ви помогне да се раздрмате.

Наградете се

Доколку нависина ви е тешко да поминете низ првиот ден од седмицата, на крајот од денот обезбедете си награда. Било да е гледање на добар филм, коктел со пријателите или вечера со партнерот, ова ќе ви помогне во иднина полесно да се справувате со овој ден.

Сведете ги активностите на минимум

Доколку ви е потребно повеќе време за да се загреете за ефикасно функционирање, сведете ги претстојните обврски на минимум. Во текот на понеделничкиот ден извршете го она што е неопходно и неодложно, а тоа што може да почека паметно распоредете го за целата недела.

Побарајте помош

Не се колебајте да се обратите кај пријателите или семејството доколку ви е потребна помош нешто да сработите. Понеделникот многу полесно се поминува доколку работите со луѓето кои ги сакате.

Само преживејте

Во најлошите понеделници, понекогаш успех е само да успеете да ги „преживеете“. Не обидувајте се да постигнете премногу и дозволете си спокоен понеделник. Вторниците се пофункционални во секој случај, па затоа опуштете се.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби