Правила за успешен почеток на новата врска

Секоја врска е уникатна, различна и неповторлива. Дефинирана е од комбинацијата на карактерите на двајцата партнери и од околностите во кои се случила и одвивала, па затоа едни исти правила не резултираат подеднакво добро или лошо со секој нов партнер.



Но, постојат одредени работи мора да ги имате на ум кога се впуштате во нова врска, за да може истата да има добар почеток и здрава основа за понатамошно продлабочување. Еве кои се тие:

Мажите сакаат мистериозни жени

Не велиме дека од новиот партнер треба да го криете вашето вистинско лице, но секој маж повеќе се интересира за жена која во неговиот живот внесува доза на мистерија. Не мора веднаш да му откривате апсолутно сè за себе, туку треба да му дозволите самиот да истражува. На тој начин ќе му бидете многу поинтересна.

Поранешните партнери се лоша тема за разговор

Колку и да ви се чини безопасно, сведете ги разговорите за поранешните партнери на минимум  или на нула доколку е возможно. Во спротивно, ќе делувате како сè уште да немате психички излезено од претходната врска, што воопшто не би било пријатно за човекот кој моментално е со вас, исто како што вам би ви било доколку тој постојано ја споменува неговата поранешна девојка.



Воздржете се

На почетокот е многу лесно да се занесете, а вашата потреба да поминувате време со него би можела да делува како посесивност и отсуство на самостојност. Доколку постојано висите над него и не му давате слободно време колку што му е потребно, голема е веројатноста да сака да се заштити и да избега што подалеку од вас. Вашето навлегување во сите сфери од неговиот живот е негов најголем страв.

Поставете граници

Не се само девојките оние кои знаат да се занесат на почетокот од врската. Мажите знаат да бидат уште полоши! Доколку постојано ви се јавува на телефон и сака да се гледате почесто отколку што чувствувате потреба за тоа, објаснете му како стојат работите и поставете јасни граници, со цел подоцна да не се доведете до несакани недоразбирања.

Не чекајте

Многу девојки го чекаат момчето да го направи првиот чекор, односно прв да им пријде или да им се јави, па на тој начин пропуштаат одлични прилики. Наместо да седите покрај телефонот чекајќи го неговиот повик, земете ги работите во ваши раце. Мажите сакаат храбри жени кои преземаат иницијатива и тоа сигурно ќе го ценат.



Но, мора да внимавате со пристапот. Дозирајте на тој начин како не би му дале впечаток дека сте нападна девојка, а исто така не го учете дека тој не треба да мрда со мал прст околу вас.

Бидете љубезна со неговата мајка

Дури и во случај да е најлоша мајка на светот која мисли дека на оваа планета не постои доволно добра девојка за нејзиното синче, немојте да дозволите тоа да влијае на вас. Секогаш бидете пристојна со неа и во никој случај немојте  да му зборувате негативни работи за неговата мајка дури и ако се сосема очигледни. Тој секогаш ќе биде на нејзина страна. Затоа, играјте тактички и паметно и собирајте си поени во неговите очи така што и покрај сè вие ќе бидете културна, фина и коректна!

Бидете дама

На првите неколку состаноци добро е да оставите впечаток на пристојна девојка, па доколку имате потреба за црн хумор или непримерно однесување, размислете поубаво. Сакате ли да ве гледа како негова девојка или како само како тело за секс? Не велиме дека треба да глумите нешто што не сте, но обидете се на почетокот да се воздржите од екстремности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби