Што значи да бидеш среќен во Македонија?

Поимот среќа е мистерија која го засега секој од нас. Вечна филозофија, непресушна тема, точка која колку и да се стремиме и издигнуваме, никако да ја дофатиме. Животот, со својот тек полн со подеми и падови, ни ја релативизира дефиницијата на овој поим. Кога сме на дното сме сигурни дека многу малку ни е потребно за да бидеме вистински задоволни, но кога тоа малку ќе се најде во нашите раце, гладот не престанува, туку само се зголемува.



Зарем тоа не е парадоксално?

Константниот стремеж кон среќата всушност нè прави незадоволни со она што моментално го имаме, а тоа автоматски значи и несреќни.

Да, точно е дека живеејќи во земја каква што е нашата, сиромаштијата е она што на обичниот човек му наметнува константни грижи и бессони ноќи. Несомнено постојат многу фактори кои нè ограничуваат и го зацрнуваат нашето секојдневие, правејќи го многу потешко од она на граѓаните на развиените земји, кои ги нарекуваме „среќници“.

Целта е да позборуваме за филозофија на вистинската среќа. Среќа која човекот треба да ја пронајде во каква и да било животна ситуација. Задоволство со самиот себе и чувството на внатрешен мир. Постојат многу реални примери низ светот за луѓе кои оставиле цело материјално богатство и избрале живот на „скитници“, уживајќи во богатството кое ни го има подарено токму природата - а тоа го добива секој од нас подеднакво, со сопственото раѓање.



Лесно е човек да се декларира себе си како несреќен, но тоа е најнеблагодарното и најнеодговорното нешто што можеме да го помислиме. Речиси никој од нас не е свесен колку е среќен со она што моментално го има. Тоа што сте најпрво живи и здрави, потоа тоа што имате семејство, тоа што имате еден-двајца вистински пријатели и тоа што можете да си легнете навечер со полн стомак и покрив над глава се факти кои автоматски ве прават неблагодарни доколку не ги вреднувате доволно и ги земате здраво за готово.

Колку често ви се случува кога ќе се разбудите да помислите колку сте среќни и благословени за тоа што имате можност да го гледате светот уште еден ден? Да бидете присутни, да дишете, да чувствувате, да сакате и преку очите да ги впивате сите убавини кои се наоѓаат околу вас? Запомнете, убавината секогаш е во очите на набљудувачот!

За сето она што ви е дополнително потребно, било да е од материјален или од друг аспект, само потсетете се дека утре е нов ден. Никој не може да ви ги отсече крилата доколку имате способност и верба во себе. И не заборавајте дека веќе сте навистина среќни, на секој чекор од животниот пат по кој сте одлучиле да одите. Било да е на свесно или на несвесно ниво. Потребата за повеќе нека не ви го дефинира вашето задоволство од животот, туку само нека ви претставува насока каде да ја вложувате вашата енергија. Не губете се себе си во целата таа потрага по вашето место во светот.

Сепак, не можеме да го занемариме фактот дека секој од нас е различна индивидуа која ја дефинираат различни карактеристики, како резултат на што нè радуваат различни работи.

Ајде да видиме, што е она што вам ви е најважно и ве прави вистински среќни?

Запомнете! Среќата не претставува ништо повеќе од одлуката да бидеме среќни.

А.Ш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби