Патот до срцето на вашиот сакан понекогаш е полесен отколку што можете да претпоставите.
Се што треба да знаете за еден маж се крие во неговата натална карта. Планетата на љубовта, Венера, може да ви помогне да дознаете какви се особините на жената која што ја посакува и како да го заведете за да стане ваш.
Најпрвин одредете ја позицијата на Венера преку следниот линк, а потоа прочитајте го соодветното толкување.
Маж со Венера во овен
Овој тип на маж секогаш е расположен за нови предизвици. Мошне често се заљубува и ги менува партнерките бидејќи за кратко му стануваат здодевни. Пристапува директно и сака да флертува со жени кои се динамични и свесни за својот сексапил.
Како да го привлечете – оставете впечаток дека сте независна и дека воопшто не го „ловите“. Не му покажувајте слабост затоа што вашата нескротливост е она со што ќе го привлечете. Обожава жени кои се спортски настроени, па најдобро е да ги подготвите тренерките и да започнете со вежбање.
Маж со Венера во бик
Оваа Венера тежнее кон стабилна врска во која сексот е еден од најважните приоритети. Станува збор за посветен љубовник кој повеќе сака да ја привлече жената отколку да трча по неа. Чувствата ги докажува физички и не ретко знае да купува подароци за својата сакана.
Како да го привлечете - му се допаѓаат жени со силни вредности кои се борат за она што го сакаат, а воедно знаат и како убаво да се облечат. Ако сакате да го заведете треба да бидете потполно природна. Ужива во храната, па ако знаете добро да готвите имате уште една предност во неговите очи.
Маж со Венера во близнаци
Невино флертува и тешко се врзува со една жена. Разумот ги контролира емоциите. Одлично проценува од прва рака и лесно комуницира со луѓето. Поради својата слаткоречивост има многу пријатели и лесно привлекува внимание.
Како да го привлечете – вашата најголема сексуална привлечност се крие во мозокот. Ако знаете како да му ја разбудите фантазијата и да му наметнете став дека сте забавна и недофатлива, веднаш ќе се фати во мамката. Во никој случај не му се наметнувајте.
Маж со Венера во рак
Тој бара жена која ќе биде домаќински тип. Живее воден од своите емоции и понекогаш запаѓа во депресија кога смета дека не му се исполнети очекувањата. Заштитнички е настоен кон она што го сака. Бара жена која многу наликува на неговата мајка.
Како да го привлечете – бидете жена во вистинска смисла на зборот и истакнете ги своите облини. Тој е традиционален тип, па затоа не покажувајте многу бунтовност.
Маж со Венера во лав
Сака да доминира и има големи еротски потреби. Го привлекуваат успешни жени кои сакаат да се дотеруваат и многу држат до својот имиџ. Бара партнерка- трофеј која ќе може да ја покажува наоколу и на која сите ќе му завидуваат.
Како да го привлечете – ласкајте му, бидете во центарот на вниманието, но не му дозволувајте лесно да ве освои. Бидете како него, центар на светот и веднаш ќе посака да ве има покрај себе за да можете да блескате во пар пред другите луѓе.
Маж со Венера во девица
Има високи стандарди во однос на жената која што ќе биде покрај него. Се плаши потполно да се предаде на емоциите, па затоа има проблематичен љубовен живот. Овие мажи често се во врска со некоја колешка од работа или со блиска пријателка.
Како да го привлечете – пред се бидете уредна зошто ваквата поставеност на Венера бара жена која е умерена и пристојна во секој поглед. Посветете внимание на деталите бидејќи има тенденција да го анализира секој збор и движење.
Маж со Венера во вага
Вечниот идеалист бара права дама која одмерено ќе се однесува пред неговото семејство и пријатели. Мрази агресивни и некултурни жени. Сака да заведува, но лесно губи интерес.
Како да го привлечете – облечете се елегантно и повикајте го на вечера во елитен ресторан или пак на изложба. Покажете дека имате префинети манири и никогаш не се расправајте со него.
Маж со Венера во скорпија
Тој е заводник пред кој лесно може да падне секоја жена. Го дава својот максимум како во емоциите, така и во сексот, но бара и партнерката подеднакво да се посвети. Знае да биде мошне драматичен и љубоморен.
Како да го освоите – овој маж ја цени моќта и способноста за доминација и манипулација. Колку сте помистериозна и сигурна во својот сексапил, толку поблиску сте до неговото срце. Оваа Венера сака харизматични жени, кои не мора да бидат посебно убави.
Маж со Венера во стрелец
Посакува долгоноги убавици со странско потекло кои изгледаат егзотично. Најчесто може да се види со жени кои се манекенски градени, со слободни ставови и без предрасуди. Подоцна влегува во брак бидејќи сака авантури и тешко се откажува од својата слобода.
Како да го освоите – создадете му впечаток дека може да дојде и да замине кога што ќе посака. Секогаш бидете весели и насмеани и трудете се да го освоите со отворен и искрен пристап.
Маж со Венера во јарец
Неговата дама е имотна жена со висока позиција во општеството. По природа е ладен тип кој често завршува со постара партнерка. Не сака површни врски, туку сигурност која ќе му овозможи подобар социјален статус.
Како да го привлечете –овој маж ќе ве забележи доколку сте одмерена, сериозна и трпелива. Кај него најдобро поминува класичниот стил, па затоа заборавете на длабокото деколте и провокативната облека.
Маж со Венера во водолија
Венера во водолија значи тенденција кон повеќе врски кои понекогаш се паралелни. Трајната врската може да се реализира само ако пронајде личност со која ќе ги дели истите идеали. Сака секс без обврска и често ги претвора пријателките во љубовници.
Како да го привлечете –бидете несекојдневни и необични. Обожава ведри жени со кои може да води интелектуални разговори. Не сака посесивност, па затоа дадете му простор да биде свој.
Маж со Венера во риби
Мажите со овој тип на Венера постојано се во потрагата по идеалната жена. Можеби токму затоа често им се случува да влетуваат во тајни врски, да не се верни и постојано да флертуваат со нова жена.
Како да го привлечете – ужива кога неговата сакана носи префинета долна облека, па затоа добро инвестирајте во градници и гаќички. Бидете таинствена и создадете му илузија дека сте девојката од неговите соништа.