Секстинг: Опасен тренд кој може многу да ве чини

Интимните моменти се почесто забораваме дека треба да си ги зачуваме за себе, отколку да ги споделиме со некој друг. Без размислување, многумина се фотографираат голи и ги праќаат сликите на нивниот партнер или пак едноставно ги зачувуваат во телефон или компјутер. Но, со последниот скандал кој изби, каде што еден хакер им ги проби телефоните на многу познати личности и нивните фотографии се раширија низ цела интернет заедница – добро би било да размислете пред да се сликате.



- Разменувањето на разголени фотографии и снимки меѓу партнерите и не е нешто лошо, туку е нешто преку кое може да се започне една интересна сексуална игра. Ако на пример, момчето е во странство, а девојката му праќа такви фотографии, тоа е некој нормален миновен период. Сепак, секогаш треба да се размислува за тоа со кој ги делите тие работи, објаснува психологот Радмила Грујичиќ.

Секстингот е еден начин преку кој партнерите ја зацврстуваат врската или внесуваат новина во сексуалниот живот. Не е чудно што партнерите си разменуваат фотографии, но страшно е кога истите излегуваат во јавност.



- Кога делите тајна со некој, ја споделувате со личноста за која знаете дека нема да ве изневери. Така треба да биде и со разголените фотографии. Но, младите девојки денес не размислуваат многу за тоа. Треба да се има на ум дека ако сликите стигнат каде што не треба, секој реагира различно на тоа. Некои жени ќе кажат „Нема врска, продолжувам“, но тоа може да се смета како еден вид на електронско насилство, кое во некои случаи доведува и до помисла на самоубиство.

Благодарение на напредната технологија, секој кој подобро се разбира во компјутери и програмирање, ако сака може да ги најде вашите разголени фотографии зачувани на телефон или компјутер.

Дали знаете колку ви се безбедно зачувани? Познатите личности сигурно имаат телефони за кои сметаат дека им се доволно заштитени, но сепак стотиците фотографии повторно се појавија во јавноста. Ако имате љубоморно поранешно момче, за една ноќ можете да станете порно ѕвезда!

- Пред да се одлучите за такво нешто, треба добро да размислите за неопходноста на такви видеа или фотографии. Во главно, тоа го прават луѓе авантуристи и егзибиционисти, кои може да имаат сериозни последици. Затоа добро размислете пред да ја вклучите камерата, а пред сè бидете сигурни дека имате доверба во личноста со која тоа го правите, советува терапевтот Лилјана Филиповиќ.



Најризична група се тинејџерите, кои објавуваат провокативни фотографии и по социјалните мрежи. Најчесто девојките го прават тоа за да се почувствуваат подобро и барем малку посакувано, без да знаат дека со тие фотографии изгледаат евтино. Сепак, чувајте го она што го имате за некој кој заслужува да ужива во вашето тело и вашиот сексапил. Сигурно не сакате вашето тело да биде мета на оговарање во едно друштво кое откако ќе ги види тие фотографии од чесна девојка – веднаш ќе станете „расипана“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби