Формули за „магични“ напитоци за убавина

Светот е во постојана потрага по вечна младост и убавина. Никој не сака да се помири со процесот на стареење, особено оние кои можат да си издвојат голема сума на парични средства за да изгледаат убаво.

Еве какви напитоци можат да се најдат во специјализираните светски продавници, од каде ги набавуваат и холивудските ѕвезди, во обид да им се спротистават на годините и законот на гравитацијата, а се достапни за сите граѓани кои можат да си ги дозволат.



Sea buckthorn напиток

Ефект: природно пеглање на брчките

Овој напиток дава инстантен ефект против стареење. Малата портокалова бобинка која се наоѓа на Хималаите, со која се прави овој напиток, е ултра богат извор на бета-каротен, кој го зголемува сјајот на кожата и произведува здрави масти, кои ги намалуваат брчките.

Комбинација на ѓумбир, лимон, чили и куркума

Ефект: силен имунитет

Ѓумбирот, кој е основа на овој напиток, се бори против вируси, лимонот додава витамин Ц, а куркумата дополнително го зајакнува имунитетот. Чилито, пак, го активира метаболизмот.

Разубавувач

Ефект: беспрекорна кожа

Ѕвездите како Дру Баримур и Риз Витерспун се редовни консумирачи на овој напиток чија формула е создадена од познатата нутриционистка Кимберли Снајдер, одредувач на режимот на исхрана на голем број ѕвезди.



Разубавување на кожата е крајниот ефект кој го дава овој напиток. Тајната се крие во спирулината, која му помага на телото да се ослободи од токсините и штетните материи, со што ја прави кожата мазна и младешка. Додатокот на кокосово млеко овозможува благ и убав вкус и придонесува за хидратизација.

Напиток со хлорофил

Ефект: опоравување на телото

Ефектот кој се постигнува со оваа формула е инстантно опоравување на телото од напорен тренинг. Хлорофилот, кој им ја дава зелената боја на растенијата и ја апсорбира енергијата од сончевите зраци, го зголемува бројот на црвени крвни зрнца. Тоа автоматски значи поголема количина на кислород која доаѓа до сите клетки на телото, што придонесува за побрзо опоравувње на мускулите после физичка активност.

Блејк Лајвли, Гвинет Полтроу и Овен Вилсон се дел од оние кои редовно го набавуваат овој напиток.

Големиот дадаизам

Ефект: инстантна енегрија

Направен со концентрат од билката мате, збогатен со витамин Б12 и посебни „goji“ бобинки, овој напиток, кој изобилува со антиоксиданси, е направен за да го снабди телото со инстантна енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби