Како брзо да ја подобрите самодовербата?

Самодовербата е толку посакувана, а толку тешко достижна работа. Тоа чувство ни е потребно за да можеме да просперираме во сите сфери од животот, почнувајќи од љубовните врски, преку деловното поле, па сè до односите со луѓето воопшто.



За среќа, постојат одредени трикови со научна основа за тоа како да си ја зајакнеме сликата за себе во нашите глави.

За почеток, застанете исправено

Исправениот став на телото е надворешен знак на самодоверба, истражувањата покажуваат дека оваа положба помага така да се чувствуваме и од внатре, односно да се доживуваме помоќно.

Пуштете го стариот добар рап албум



Кога се подготвувате да побарате зголемување на платата или сакате да поканите некого на состанок, само притиснете „плеј“. Тешките бас звуци докажано ве прават да се чувствувате посамоуверено.

Сетете се на момент кога сте биле моќни

Се сеќавате кога сите се смееја на вашиот говор кој го одржавте? Или колку добро поминавте на интервјуто за работа воодушевувајќи ги сите? Сетете се исто така на зборовите кои ги слушнавте од вашиот партнер објаснувајќи зошто толку ве сака и зошто сте посебни. Научните студии велат дека кога си ги евоцирате тие моменти и повторно ги вртите во вашата глава, автоматски почнувате да се чувствувате посамоуверено.



Направете го само-охрабрувањето ваш утрински ритуал

Оние неколку секудни наутро пред огледало кога се подготвувате за на работа не се само суштински за започнување на денот. Истите можат да ви донесат чувство на самодоверба. Погледнете се себе си во очи и кажете си што е она што ве прави подобри од другите.

Избирајте ја облеката мудро

Она што го носите многу влијае на тоа колку сигурно и успешно се чувствувате. Избирајте парчиња облека кои ве прават да се чувствувате пријатно, убаво и самоуверено.



Истегнете се

Понекогаш она што ни треба е само добро истегнување на телото за да се почувствуваме поубаво. Истегнувањето на мускулите придонесува за подобар проток на крвта и подобро држење на телото, што води кон зголемено чуство за самодоверба. Исто така, истегнувањето може да ве смири во моменти кога сте напнати. Време е да ги кренете рацете во воздух!

Подобрете го вашиот „шпански“

Учењето на нов странски јазик или изострување на други когнитивни вештини (повторување на задачи од алгебрата или посета на часови по уметност), може да го зголеми вашето задоволство од сопствениот живот на ист начин како да сте добиле зголемување на платата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби