4 трикови за густа и силна коса

Густата и здрава коса е симбол за убавина по кој мечтае секоја жена. Но, повеќето од нив се плашат да отидат на фризер за да не им биде премногу скратена должината, не земајќи го во предвид фактот дека всушност на тој начин се одржува косата здрава.



Ви претставуваме 4 трикови кои ќе го забрзаат растот на вашата коса и ќе ја направат погуста и посилна.

Бадемово и кокосово масло

Овие два вида на масло одлично ја хранат вашата коса. Доволно е да ја измасирате вашата глава со околу 6 капки од овие масла, а можете и да ги помешате. Завиткајте ја косата во крпа и оставете да впие околу 30 до 60 минути, а потоа измијте.

Желатин

Помешајте едно пакетче желатин со шампонот кој го користите. Желатинот содржи протеини кои ќе го забрзаат растот на вашата коса и ќе ја направат погуста.

Витамини Ц и Е

Вашата исхрана може да има големо влијание на растот на косата, па затоа консумирајте храна која е богата со витамините Ц и Е. Витаминот Ц ќе го најдете во цитрусите, доматите, пиперките, јагодите и брокулите. Витаминот Е, пак, во голема количина ќе го најдете во спанаќот, оревите, авокадото, рибата и тофу сирењето.

Јаболков оцет

Исплакнете ја косата со јаболков оцет пред миење и притоа внимавајте да не ви влезе во очи. Можеби ќе ви биде потребна поголема количина на шампон за да ја отстраните миризбата на оцетот. Истиот содржи многу витамини и ги отстранува мртвите клетки од фоликулите на косата, кои го спречуваат нејзиниот раст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби