Голата вистина за женските гради

Што мислите за вашите гради? На ова прашање одговориле 100 жени за новата книга на фотографот Лаура Додсворт, наречена „Гола реалност“.

Во неа, покрај секоја изјава оди и необработена фотографија од градите на истата жена, а Лаура вели дека овој проект го започнала за да ги разбие неодржливите идеали кои ги создаваат повеќето фотографии од жени.

Ова е уметнички, но и социолошки проект, кој открива како се чувствуваат жените кога станува збор за сопственото тело, а особено за градите. Лаура смета дека време е жените искрено да проговорат за тоа што мислат за нивните гради, па затоа собрала стотина жени кои ги фотографирала и кои се отвориле на ова прашање.



Жените, кои биле на возраст од 19 до 101 година, преку нивните зборови покажале дека градите претставуваат многу повеќе од само дел од телото, туку и одраз на женственост, мајчинство и сексуалност.

Меѓу нив е и 54-годишна мајка на три деца, на која една од дојките и е отстранета заради рак, а на нејзино место се наоѓа голема убава тетоважа.



- Мислам дека не би можела да се помирам со лузната доколку не ја ставев тетоважата. Би ми требало многу повеќе време за да се погледнам во огледало и да не ми пречи лузната на чие место се наоѓаше мојата града. Тетоважата си има свој став и е навистина убава. Сето ова ме прави горда. Сакам жените да сфатат дека не мораат да се кријат само затоа што имале рак на градите, вели таа.



- Кога ќе ви кажат дека ќе треба да ви ја отстранат градата, тоа изгледа како најлошата работа која може да ви се случи. Но, не е. Сакам жените да станат свесни за отстранувањето на ракот на дојките на позитивен начин, вели друга жена која поминала низ истата работа.

- Моите гради се прекрасни. Тие ја отсликуваат мојата женственост и негата за самата себе, истакнува трета жена.



- Жените се бомбардирани со фотографии од „совршени“ гради. Не е ни чудо тоа што им недостасува самодоверба на ова поле.

Погледнете ја голата вистина за градите - симболот на женственост и омилениот дел од женското тело кога би ги прашале повеќето мажи!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби