7-те тајни на Скарлет Јохансон

Холивудската убавица, Скарлет Јохансон, е една од оние жени кои ги обожавате поради својата едноставност и вроден сексапил. Како и секоја друга жена, така и таа има неколку нешта кои се дел од нејзината секојдневна рутина за разубавување.

Никаде без својот омилен парфем

Парфемот е едно од најважните оружја за заведување. Доколку сакате да го привлечете вниманието на мажите, секогаш со себе носете го шишенцето од својот омилен парфем, кој треба да ви биде при рака во секоја ситуација.

Миризлива купка за миризлива кожа

Јохансон ги обожува купките на база на лаванда кои одлично и прилегаат на нејзината кожа. Ако се уште не користите купка или пак немате омилена, редно време е да ја пронајдете.

Правилата се за кршење

Едно од најважните правила во шминкањето, е кога ги нагласувате очите, да не ги нагласувате усните. Но, Скарлет не се согласува со тоа и честопати докажува дека доколку ги изберете вистинските нијанси, се е возможно.

Магијата на јаболковиот оцет

Јаболковиот оцет може да се користи за најразлични намени. Оваа русокоса го употребува како тоник за чист тен.

Перика наместо постојано фенирање

За разлика од другите познати дами кои уживаат да го поминуваат времето во фризерски салони и со лични стилисти, Скарлет ја штеди својата коса, па на снимањата често користи перики, наместо да прави драстични промени.

Вештачки трепки?

Вештачките трепки ги истакнуваат очите, но сепак се вештачки. Затоа, секогаш е подобро да изберете добра маскара која ќе ја нанесете слој по слој, со нагласување на надворешните агли на очите.

Заколната русокоса

Не плашете да експериментирате со бојата на вашата коса. Откако ќе ја пронајдете идеалната нијанса која совршено ќе му одговара на вашиот тен држете се до неа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби