Што прават жените кога се сами дома

Култната серија „Сексот и градот“ го создаде поимот „Secret Single Behavior, што во превод би значело тајно однесување кога сме сами. Кери, Саманта, Миранда и Шарлот во една епизода ни открија што тие сакаат да прават кога се сами, но тоа не беше ништо ново. Жените имале свое „тајно однесување“ и многу порано.

Сите ние имаме свои мали тајни или помалку чудни работи кои сакаме да ги правиме кога сме сами, а во продолжение следуваат вообичаени ритуали кои жените ги сакаат да ги прават кога се сами дома, пишува хрватскиот портал „Жена“.

1. Забава во долна облека



Која е првата работа која сакате да ја направите кога ќе се вратите дома после долгиот ден? Соблекување пантолони. Ослободете се од облеката. Домот би требало да биде место каде се чувствувате среќно и пријатно и затоа и не е чудно што понекогаш сакаме да парадираме по станот само во долна облека, особено кога сме сами.

2. Јадење нездрава храна



Убаво е да се храниме здраво, но понекогаш се што и е потребно на осамена жена е чоколадо, колаче, помфрит, пилешко со сусам или сето тоа заедно.

3. Гледање репризи на омилените серии



Жените кога се сами сакаат да се покријат во кревет и да ги гледаат епизодите на нивните омилени серии по стоти пати. Има нешто убаво во гледање репризи на сериите кои ги сакаме, некое посебно чувство кога се исклучуваме од реалноста и се вдлабочиме во светот на измислените ликови.

4. Гласно слушање музика



Нема ништо подобро од слушање на најдрагите песни пуштени најгласно и танцување или вежбање по целата куќа.

Секако, тоа го правиме само кога сме сами дома. На тој начин се забавуваме сами со себе, се чувствуваме силно, се ослободуваме од стресот и уживаме во слободата која ни ја дава самотијата.

5. Чистење и декорирање на куќата



Жените сакаат кога амбиентот им е чист и организиран, а наједноставно им е тоа да го прават кога нема никој дома, затоа што тогаш во мир можат да направат се што е потребно, без никој да им пречи.

6. Пробување облека



Омилена активност на многу жени кога се сами е облекување на различна облека и комбинации пред огледало.

7. Ритуали за убавини

Мачкање на телото со лосион, маска за лице, чешлање на косата, пилинзи, депилирање... Тоа се само некои од третманите со кои жените сакаат да го негуваат своето тело кога се сами, затоа што тогаш во целост можат да се посветат само на себе. Секако тоа да може да се прави и во нечија присутност, но некако е многу попријатно кога нема никој кој зачудено би набљудувал.

8. Соло вечера

Било да вечерате дома или сами себе да се „поведете“ во некој шик ресторан, сето тоа некако потсетува на софистицирани Французинки кои знаат да уживаат во животот и во храната. Тоа чувство исполнува и предизвикува среќа.

9. Гримаси пред огледало



Кога се сами, некои жени сакаат да се гледаат во огледало. Некои ги гледаат своите пори, други прават гримаси, а трети ја вежбаат својата насмевка. За што и да се работи, ова е уште една од активностите кои сакаат жените да ги прават кога се сами.

10. Прегледување списанија

Освен што сакаат да ги гледаат своите омилени серии, жените во своето слободно време исто така обожуваат да ги прегледуваат модните списанија, читање весници, книги или нешто слично. Во мир и колку долго и да сакаат...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби