Не сакам да имам деца! Па што?!

Повеќето жени се радуваат на помислата дека еден ден ќе станат мајки и зад себе ќе остават потомство. Но, има и такви кои воопшто не размислуваат на тоа да раѓаат. Иако се вели дека нема ништо поубаво од тоа во рацете да го држите своето штотуку родено бебе, за некои жени тоа е луксуз кој никогаш нема да си го дозволат.


-Решив да останам без деца. Па што? Не треба да буткам дете низ мојата вагина за да се чувствувам како вистинска жена. Не морам да имам дете за да почувствувам безрезервна љубов и жртва. Не ми треба дете за да бидам среќна, вели авторката Сазин Колер.

Објаснувајќи го својот став таа наведува неколку причини поради кои решила дека децата повеќе ќе бидат товар, отколку благослов во нејзиниот живот.

-Децата се скапа работа. Од август 2013-та просечната сума на пари за растење на дете до 18 години е 304 480 илјади долари. Да го пратам детето на колеџ ќе ме чини помеѓу 8893 и 22.203 илјади долари од година.

-И покрај напредокот на општеството, жените и понатаму најмногу се грижат за децата особено во првите години од животот. Да растеш дете е повеќе од работа со полно работно време. Тоа е работа 24 часа, 7 дена во неделата, без паузи. Не можам да бидам покрај возрасен човек толку долго, а не па покрај дете.

-Постојат 153 милиони сираци на Земјата. Зошто да додавам уште една гладна уста на пренаселена планета? Ако треба попрво ќе посинам дете.

-Моето тело веќе помина низ доволно трауми во текот на овие 35 години. Имам пострауматски стрес откако бев сведок на престрелка што предизвика хаос во мојот нервен систем. Израснав далеку од лошата американски храна. Ако додадам дете во моето семејство тоа значи дека нема повеќе јадење органска храна зошто нема да можам да си дозволам. Епа сега, не можам да си дозволам ниту рак.



-Секој ден се справувам со пострауматско пореметување. Како жена без дете ја имам слободата да спијам 12 часа и никој да не ме вознемирува. Работам од дома и сама си одредувам колку, што за мене е идеална ситуација. Ако имам дете што ќе правам кога ќе ме мавне депресија и нема да можам да станам од кревет? Или ако плачам цела недела?

- Последен пат кога проверив светот беше во хаос. Секој ден се пука по училиштата. Освен тоа имаме култура на силување во секој аспект на општеството. Многу од денешните деца ќе бидат жртви на таа култура.

-Едноставно не ме интересираат нештата кои доаѓаат со раѓањето и растењето на децата. Вагинални рани, хемороиди, констипација, контракции, повраќање, дијареа, бришење газиња, јавни испадни на емоции, тинејџерско бунтување, откажување од мојот идентитет... Не фала!

-Сакам да спијам. Сакам сама да си го одредувам времето. Сакам да сум сама, сакам да пишувам, да фантазирам. Сакам да јадам 100 % органска храна, да си собирам тетоважи. Сакам кога ќе си ја завршам работата, па макар за тоа ми требала и цела недела. Си ја сакам слободата



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби