Придобивки од циметот за кои сигурно не сте знаеле

Циметот, освен што е еден афродизијак, има и многу здравствени придобивки. Неговиот специфичен мирис го става на врвот на листата на најубави зачини. Честопати го вметнуваме во смесата за колачи, но понекогаш знаеме со него да го зачиниме и кафето.



Сепак, ова не се единствените примени на циметот. Надвор од кујната, тој има повеќе улоги.

Лечи акни

Циметот помага при обновување на клетките преку кој побрзо исчезнуваат бактериите кои го предизвикуваат создавањето на акните и ги избледнува нивните белези. Промешајте една лажичка цимет, мускатно оравче и мед. Добиената смеса нанесете ја на чиста кожа, а по 20 минути измиете го лицето со млака вода.

Ја ублажува болката во вратот

Циметот има арома-тераписка способност да ја намали болката во рамената и вратот. Наполнете ¾ долги чорапи со ориз, една лажичка каранфилче и две стапчиња цимет. Загрејте ги во микро печка на 2 минути, а потоа ставете го чорапот на болното место. Смесата може да ја употребувате се додека не го изгуби својот мирис.

Го ублажува убодот од инсект

Помешајте еднаква количина цимет и мед и нанесете ја оваа смеса на болното место за да ја ублажите иритацијата и да и ја вратите хидратацијата на кожата.



Избркајте ги молците

Комбинирајте три до четири стапчиња цимет, пола шолја каранфилчиња и пола шолја црн бибер во зрна и смесата ставете ја во вреќички за во шкаф. Оваа вреќичка може да ја менувате на секои три месеци.

Го подобрува варењето на храната

Циметот, всушност е зачин за подобрување на варењето на храната, бидејќи неговите хранливи состојки ги ублажуваат гасовите. Посипете го со храната или додадете го во чај од нане кој ќе го пиете по оброците.

Решете се од мравките

Ставете цимет во висечките елементи во кујната со цел да се решите од мравките. Кујната ќе ви мириса прекрасно, а од мравките ќе нема ни трага.



Зголемете го волуменот на усните

Ако барате едноставен и евтин начин да го зголемете волуменот на усните, во тоа може да ви помогне циметот. Ставете малку влажен цимет на усните пред да нанесете кармин.

Освежете го домот

Како замена за скапите освежувачи за просторија, ставете една рака цимет во сад со врела вода. Исто така, може да ставите две лажици цимет на готварска хартија во рерна загреана на 90 степени. Вратата од рерната отворајте ја на секој половина час.

Освежете го здивот

Бактериите обично го предизвикуваат лошиот здив, а циметот делува како антисептик. Ако имате проблем со лош здив, шмукајте стапче од цимет неколку минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби