Фризура за 5 минути: Романтично опавче за секоја прилика

Има денови кога косата едноставно ни изгледа ужасно, а нашата самодоверба се сведува на нула. Пред да помислите дека е крајот на светот, сепак има нешто што можете да направите со косата и да си ја вратите насмевката на вашето лице.



Оваа фризура со романтично опавче ќе ја направите за 5 минути, а ни ја претставува Кејли Мелиса на YouTube. Таа нагласува дека истата се прави лесно и брзо и дека е соодветна за секаков вид на коса.Сепак, доколку сакате поромантичен изглед, најубаво ќе изгледа доколку од половина па надолу прамените ви се благо свиени.

Чекор 1



Издвојте еден поголем прамен од косата од делот над увото, како и еден позади увото. Направете го истото и од другата страна, па издвоените предмети оставете ги напред, а остатокот од косата назад.

Чекор 2



Преостанатата коса зачешлајте ја наназад, така да има малку повеќе волумен. По желба можете и да ја истапирате косата кај темето, за да добиете поголем волумен.

Чекор 3



Косата позади темето зацврстете ја со шнолки, за да не се раздвојува во прамени кога ќе врзете опавче.

Чекор 4



Останатата коса која не е издвоена во четирите предни прамени, врзете ја со тенко ластиче во ниско опавче.

Чекор 5



Праменот кој го издвоивте од делот позади увото префрлете го преку ластичето со кое е врзана косата. Праменот ставете го под опавчето и закачете го со шнола, така што краевите од косата излегуваат под опавчето.

Чекор 6



Истото направете го и со праменот од другата страна, па потоа и со преостанатите два предни прамени. Кога ќе го префрлите последниот прамен, косата прекријте ја со шноли.

Чекор 7



Средете ги прамените околу лицето и вашата фризура е готова!

За да ви биде постапката појасна, погледнете го видеото:



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби