Зошто не ви успева бојадисувањето на косата?

Не можеме да негираме дека добрата фризура и убавата боја за коса ги подобрува расположението и самодовербата, па не е чуден фактот што обратното сценарио предизвикува непријатно чувство. Доколку се обидувате да ја бојадисате косата сами, а не сте задоволни со резултатите, ова би можеле да бидат причините:



Прамени во повеќе нијанси

Доколку на фризер ви направиле прамени во неколку нијанси, а сега се обидувате самостојно да ја изедначите бојата, голема е веројатноста да се соочувате со шарени резултати. Една боја за коса поинаку излегува во зависност од нијансата на влакното, па затоа доколку сакате да ја изедначите косата, ќе треба да употребите повеќе нијанси. Најдобро би било да побарате помош од професионалец.

Не ја имате доволно осветлено косата

Со причина сте бунтовничка, која ужива во необичните бои на косата, како силно розева или неонски сина? Набавете си бланш, со кој во комбинација со хидроген, најпрво ќе ја осветлите косата, за потоа да може бојата да се фати онака како што сакате. Доколку не ја осветлите, ќе добиете потемна и нессодветна нијанса.



Несоодветно сте го употребиле бланшот

Екстремното осветлување на косата кое го нуди бланшот, најдобро е да им го препуштите на професионалците во фризерските салони или на вештите аматери. Бланшот е хемиски агресивен производ кој во погрешни раце може да предизвика разни несакани реакции – од изгореници на темето до зелена боја на косата.

Предолго ја држите бојата на глава

Доколку бојата за коса ја држите подолго од препишаното време, веројатно ќе добиете потемна нијанса отколку што сте посакувале, а бојата ќе биде без сјај. Секогаш држете се до прописот на декларацијата на производот. Особено внимание обрнете на тоа најпрво да ја обоите новоизраснатата коса, а потоа преостанатиот дел кон врвовите.

Не сте двојничка со моделот од кутијата на производот

Природната боја на косата е еден од факторите кој влијае на добивањето на нова боја. Природната бринета потешко ќе добие боја на беспрекорна русокоса доколку бојадисувањето се одвива во домашни услови, па на тоа треба да бидете подготвени од почетокот.

Затоа бирајте боја за коса која му одговара на вашиот тен, а осветлувајте ја најмногу две до три нијанси од вашата природна боја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби