Трикови за убавина по примерот на порно ѕвезда

Без разлика на она што го работат, дамите кои снимаат филмови за возрасни секогаш изгледаат одлично . Како ли само успеваат?

Во ситуации кога се потите – кога имате потреба да ја одржите шминката на своето место подолго време, секогаш користете спреј за фиксирање кој можете да го најдете во секоја подобро снабдена парфимерија. Некои од порно ѕвездите користат лак за коса, но сепак не би ви го препорачале особено ако имате лоша навика да спиете со шминка.

Вештачки трепки кои траат подолго – ако сакате овие трепки да останат на вашите очи подолг временски период никогаш не ставајте премногу маскара и внимавајте добро да ги залепите на очниот капак, а не на природните трепки.

Фиксиран кармин – за беспрекорни усни, наместо кармин користење моливче за усни во саканата боја во комбинација со сјај. На овој начин ќе го добиете посакуваниот изглед без премногу неред на вашите усни.

Мазна бикини линија – сите знаеме дека влакната на интимниот дел во определен дел од месецот се премногу кратки за да може да ги отстраниме со восок. Во ситуации кога сакате да имате мазна бикини зона, а не можете да се издепилирате порно актерките препорачуваат да ставите бебешко масло кое добро се лепи на кожата и да се избричите. По бричењето нанесете крема богата со витамин Е.

Свеж и одморен поглед – некои порно ѕвезди откриле дека доколку нанесете кафена, наместо црна маскара очите изгледаат посвежо и погледот е поодморен. Освен тоа препорачуваат шминката околу очите да ја отстранувате со кокосово масло и да не нанесувате груби пилинзи во пределот на очите.

Инстант бронзен тен – во ситуации кога сакате да изгледате за нијанса потемни од што сет или пак сакате да ги изедначите деловите кои ви се исончани со оние кои не се, во млекото за тело додадете бронзено руменило и потоа нанесете го на местата кои сакате да ги замаскирате.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби