Дали погрешно ги толкуваш неговите знаци?

Колку пати досега сте мислеле дека е заинтересиран за вас, а потоа сте се соочиле со горчливата вистина дека лошо сте го протолкувале неговото однесување? Или пак сте мислеле дека сте само пријатели кога во суштина тој ви навестил дека сака нешто повеќе?

Ваквите ситуации се сосема нормална појава во секојдневниот животот. Доколку не сакате да се најдете во љубовен ќорсокак пред да направите било каков чекор добро анализирајте ги постапките кои што ги прави.

Поглед кон друга

Ако гледа други жени тоа не значи дека во секој момент е подготвен да ве изневери или пак дека веќе ве изневерува со друга. Тоа сосема нормална машка реакција бидејќи мажите во суштина се визуелни типови. Вообичаено доколку навистина сака да ве изневери инстинктивно ќе се обиде тоа да го сокрие, а не јасно да го покаже пред вас.

Секс и љубов се две различни нешта

Сте имале секс и сте потполно збунети зошто не ве бара? Како може да биде интимен со вас, а да нема емоции? Уште една честа ситуација. Мажот може да биде сексуално привлечен од вас и да сака да ја задоволи моменталната потреба за секс, но да не ве сака. Во вакви ситуации треба да се помирите со тоа дека само сексуално сте се задоволиле, наместо да трчате по него и по секоја цена да сакате да завршите во врска.

Што кога молчи?

Некои мажи тешко зборуваат за своите чувства и за она што го сакаат. Па доколку веднаш не реагира на вас, не значи дека е сосема рамнодушен. Дадете му простор и дозволете му да биде свој. Понекогаш и доколку ве одбие не значи дека нема чувства за вас. Може да ве одбие затоа што е во врска со друга и не сака да ве повреди или нема намери за ништо посериозно и покрај тоа што му се допаѓате.

Дали флертува или само е љубезен?

Повеќето жени остануваат збунети кога мажот се однесува пријатно и мошне љубезно со нив, па мислат дека флертува. Денес малкумина може да се пофалат со љубезност, па реакцијата е сосема нормална. Кога ќе се најдете во една ваква ситуација, толкувајте го неговото однесување како нешто сосема нормално. Доколку тој има тенденција за нешто повеќе, самиот ќе ви навести.

Пријателство или нешто друго?

Машко –женските пријателства се вистинска реткост особено на долг рок. Дали настина сте само пријатели или има тука нешто повеќе? Добро согледајте ги знаците што ви ги праќа и обидете се да забележите дали потајно ви праќа сигнали дека сака да бидете заедно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби