Шест трикови при разговор кои ги владеат успешните луѓе

Доколку сакате да му оставите добар впечаток на вашиот шеф кога барате покачување на платата или, пак, сакате да се покажете добро на интервјуто за работа, многу е важно да кажете што сакате, но при тоа да не бидете премногу нападни, советуваат психолозите.

Еве кои трикови ги имаат усовршено успешните луѓе, кога станува збор за деловните разговори:



Гледајте го соговорникот во очи

Многу е важно да воспоставите контакт со погледот, бидејќи со тоа на соговорникот му давате до знаење дека сте потполно вклучени во разговорот и дека го вреднувате она што има тој да го каже.

Не му го вртете грбот

Кога излегувате од деловниот разговор, вртењето на грбот при излегување е голема грешка која често се прави. Многу е подобро при напуштањето на просторијата, да се свртите уште еднаш кон соговорникот, да се насмевнете, да климнете со главата и потоа да ја затворите вратата.

Научете да се ракувате

Најдобар впечаток остава ракувањето со средно силен стисок, а поздравот не би требало да биде подолг од три нишања. Студиите покажуваат дека работодавците повеќе го ценат силниот стисок при ракување, отколку премногу слабиот.

Не мавтајте со рацете

Претераната гестикулација оддава впечаток на неподготвеност. Исто така, внимавајте да не ги прекрстувате рацете бидејќи тоа се толкува како знак на несигурност.



Прочитајте кога сте напорни

Доколку вашите соговорници често се префрлуваат од нога на нога, тоа е знак дека разговорот е предолг. Скратете го, задржувајќи се само на главните црти и доведете го до крај.

Климањето со главата ги открива намерите

Доколку вашиот шеф брзо клима со главата и има умранотежен поглед, тоа значи дека сака да учествува во разговорот, но доколку за време на климањето постојано трепка, треба да сфатите дека тој сака што побрзо да завршите. Лесното климање покажува активно слушање.

Најважно е да пронајдете добар баланс помеѓу нападното и претераната повлеченост или скромност. Најдобар впечаток секогаш оставаат луѓето кои се свесни за своите квалитети, кои не се плашат да кажат сè што знаат, но кои исто така прифаќаат дека не се најпаметни и дека сакаат постојано да учат. Додека разговарате треба да имате самоуверен став, но да избегнувате истиот да биде „јас знам сè“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби