Есенски маски за сјајна кожа

Сакале или не, промената на годишното време влијае врз нашата кожа и врз нејзиниот сјај. Ветрот, влажноста и постуденото време налагаат поинаку да се грижиме за кожата и да ја заштитиме од атмосферските влијанија.

Токму затоа ви предлагаме 3 есенски маски за лице кои можете да ги направите во својот дом и кои ќе ви помогнат да ја задржите својата кожа беспрекорна.

Маска од јаболка

Јаболката се богати со витамин C, помагаат во регенерацијата на кожата и во одржување на здравиот сјај. Освен тоа се мошне корисни при спречување на иритација и воспалување на кожата.

Земете едно јаболко, излупете го и ставете го во блендер или процесор за храна. Во тоа додадете 2 лажици мед и направете каша која потоа ќе ја ставите на исчистено лице. Оставете да делува од 10 до 15 минути, па исплакнете со млака вода.

Маска од тиква

Тиквата изобилува со витамини А, C и Е кои ги пеглаат брчките и го враќаат младешкиот изглед.

Измешајте 100 грама тиква со половина чаша јогурт и во тоа додадете една лажичка мед и една лажичка маслиново масло. Вака направената маска ставете ја на лицето и оставете да делува 10 минути. Потоа измијте го лицето и нанесете крема.

Маска од брусница

Брусницата е одлична за вашата исхрана, но и за вашата кожа затоа што ја одржува кожата свежа и се справува со слободните радикали. Освен тоа може да се користи и за ексфолијација.

Во блендер ставете една чаша брусница, 2 лажици лимонов сок и желатин и добро измиксајте додека не добиете паста, која ќе ја оставите во ладилникот барем 10-тина минути. Потоа нанесете ја на лицето и оставете да дејствува 15 минути, па измијте се.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби