Есенски комбинации за ниски девојки

Кога е во прашање неколку слојна зимска облека во ладните денови, пониските девојки имаат проблем. Тешките капути и дебелите џемпери може буквално „да ве лапнат“, но нема потреба од очајување.

Ви нудиме девет комбинации од облеки во кои што ќе бидете ем модерни ем ќе изгледате повисоко.

Туника



Продавниците се преполни со топли туники, кои го враќаат стилот од 60-тите години. Мини должината на овие туники ќе ви ги нагласи нозете, а можете да ги комбинирате со различни хеланки или тесни панталони.

Џемпер со длабок V-израз



Зошто баш овој облик на деколте?
Длабокиот V-израз го издолжува вашиот горен дел, а прави да изгледате и послаби. Џемперот со овој облик на деколте можете да го комбинирате со тесно здолниште или панталони.

Рамни чевли со мала пета



Ако сакате вашите нозе да изгледаат подолги, а да не ги преоптоварувате секој ден со високи потпетици, тогаш совршено решение се рамните чевли со мала штикла. Одберете ги оние кои ви се допаѓаат и издолжете си ја фигурата.

Мини чанти



Никако немојте да носите големи чанти или пак чанти со предолги рамки. Бирајте мали чанти кои ќе ви прилегаат на фигурата.

Панталони со висок струк



Сега кога веќе се во мода, панталоните или фармерките со висок струк можете да ги најдете во секоја продавница. Овие панталони ќе ви ја издолжат фигурата, а прекрасно одговараат со кратко џемперче.

Мини здолниште А-форма



Интересна и атрактивна форма на здолниште е А-формата, која прави да изгледате повисоки од што сте. Дополнително комбинирајте ги со шик штикли.

Шлиц



Конечно модата за шлицот се врати. Покажете дел од вашите нозе, а со тоа и ќе ги издолжите.

Едноставен капут



Немојте веднаш да посегнувате по големите капути. Изберете нешто едноставно, во неутрална нијанса, модро сина или бордо боја која е мошне актуелна оваа есен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби