Текст кој мора да го прочита секој кој е во брак

Тешко и’ се одолева иако е токсична како отров

Кога луѓето се впуштаат во прељуба, често смислуваат причини со кои го намалуваат значењето на тој чин, обидувајќи се да го претстават како нешто безопасно и беззначајно. Еден од описите кои најчесто му се препишуваат на ова слатко злосторство, е дека истото е налик на чоколадо.



Не на секој прељубник му е лош бракот. Напротив, овие луѓе најчесто сметаат дека бракот е добар и хранлив, како комплетен оброк. Но, човекот понекогаш го фаќа неконтролирана желба за благо, па во таков случај си дозволува да се размази за момент – токму така тие ја опишуваат прељубата. Секако, тука е и дополнителното сексуално задоволство. Неверниот партнер се чувствува и поласкано од вниманието на новата љубовница или љубовник, вниманието на личноста која се дотерува само за него, секогаш беспрекорна и насмеана. Неодоливо е и отсуството на оние заморни моменти и аспекти кои постојат со брачниот партнер, како на пример расправиите околу семејните обврски и финансии. Вистинсто уживање за сите сетила.



Разликата е во тоа што во реалноста, неверството повеќе личи на дрога отколку на чоколадо. Адиктивно до крајност. Секој сака да добива што повеќе внимание, без при тоа да не мора да дава многу (или барем така ви изгледа во моментот). Ви изгледа дека уживате и доживувате вистинска ренесанса, повторно оживување, но всушност гледано со ладна глава, вие не само што се труете себе си, туку го труете и сопственото семејство.



Во ваквите ситуации токму децата се оние кои најмногу патат. Често се смета дека тие се премногу мали за да сфатат што се случува. Но, иако не можат да сфатат, децата многу добро можат да почувствуваат дека нешто не е во ред. Не ретко се случува во такви ситуации деца на само 2-годишна возраст, без никаква причина да почнат да зборуваат за тоа дали мама или тато ќе заминат.



Прељубата, случена заради било каква причина и под било какви околности, несомнено не е нешто безопасно. Не е нешто што можете да го отпишете како неважна ситница во која се впуштате без последици и која е лесно да ја прекинете кога ќе посакате. Прељубата не е никакво колаче, тоа е сигурно, колку и слатко да делува додека трае. Таа е тежок отров кој ќе ве повреди и вас и вашиот партнер, а нема ни тука да застане, туку ќе допре и до вашите деца. Дури и да имате сериозни проблеми со вашиот сопруг или сопруга и тие не ви го даваат она што ви треба, вашите деца не се виновни за ништо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби