Седум решенија за истуткана облека без употреба на пегла

Пеглањето е можеби најомразената домашна обврска. Но, кога кошулата или фустанот ни се истуткани, а не очекува важен состанок или настан, не размислуваме два пати пред да ја уклучиме пеглата во струја. Но, што кога оваа направа не ви се наоѓа при рака?

Во продолжение ви нудиме седум решенија како да ја израмните облеката без употреба на пегла:

Пегла за коса

Ситните набори на пределот околу јаката, манжетните и рабовите најлесно ќе ги исправите со помош на пегла за коса.

Апаратот кој ја исправа вашата коса ќе биде исто ефикасен и со помали површини од облеката. Но, со цел да не ја уништите омилената кошула, добро исчистете ја пеглата за коса пред да ја употребите.

Врел лонец

Ова е најстариот трик во прирачникот на секоја домакинка!

Наполнете метален лонец со вода и ставете го на шпорет додека водата не стане врела. Потоа истурете ја водата, а дното на празниот врел лонец искористете го како пегла. При тоа, внимавајте неговата површина да биде чиста за да не си ја уништите облеката.

Вода и фен

Овој трик е едноставен.

Испрскајте ја истутканата блуза со вода преку прскалка, колку да добие мала влажност, а потоа сушете ја со фен, измазнувајќи ги наборите.

Душек

Го знаете оној трик кога згужваната хартија ја ставате под тешка книга за да ја исправите? Истата метода можете да ја искористите и за исправање на вашиот омилени пантолони.

Завиткајте ги во цврста ролна, ставете ја под душек и оставете да отстои барем еден час. Потоа одвиткајте ја ролната и облечете ги пантолоните без набори.

Пареа

Гостите во хотелите го обожуваат овој трик.

Згужваното одело ставете го на закачалка, па истата закачете ја во купатилото пред да влезете да се туширате со врела вода. Силната пареа која ќе се произведе од туширањето ќе ги исправи сите нерамнини на ткаенината.

Водена крпа

Навлажнете чиста крпа, па под неа ставете ја облеката која сакате да ја исправите.

Со цврсти потези со рацете измазнувајте ја површината на крпата, а со тоа ќе ги намалите нерамнините на облеката.

Оцет

И белиот алкохолен оцет може да ви помогне во пеглањето на нерамнининте.

Помешајте малку оцет во вода, во однос 1:3, ставете ја течноста во шишенце со прскалка, па попрскајте по изгужваното парче облека. Оставете да се исуши самото, убаво поставено на закачалка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби