Од момче во џентлмен: 15 феминистички лекции за секој син

Кристин Орган, писателка и адвокат од Чикаго, одлучила да ги запознае нејзините синови со поимот за еднаквост меѓу половите, па на својот блог напишала текст за тоа што сака да ги научи пред да стекнат искривена слика за феминизмот.



- Мојот татко пред 20 години ми кажа дека доколку сакам нешто во животот, мора да се поставам во таква позиција за да го обезбедам. Да не очекувам од никој друг да го направи тоа за мене. Тоа ми беше првата лекција за феминизмот: биди независна, управувај со својот живот и биди господар на својата судбина. Покрај тоа, тој ја зајакна мојата самодоверба, истакнувајќи дека сум способна, компетентна и одговорна личност, на која тој може да се потпре, вели Кристин.

Еве ја листата со работи на кои сака да ги научи своите синови за тие да израснат во вистински џентлмени, културни, внимателни и полни со почит кон женскиот род.

1. Феминизмот не подразбира женственост. Тој поим означува еднаквост.

2. Тоа што си момче не значи дека не можеш да бидеш феминист. Од оваа идеја не може да те одвои ниту твојата љубов кон спортот и акционите филмови.

3. Плачењето е во ред.

4. Биди пријател со девојчињата.

5. И девојчињата може да сакаат камиони и суперхерои, баш како што момчињата може да сакаат да си играат со „женски“ играчки.



6. Биди силен и чувствителен. Тоа не е спротивно.

7. Фразите „како машко“ и „како женско“ немаат значење. Игнорирај ги.

8. Тоа што имаш пенис не значи дека поседуваш супермоќ. Тој едноставно е дел од твојата анатомија.

9. Придржувај им ја вратата на девојчињата. И на момчињата. Не затоа што тоа е сексистичка традиција, туку затоа што едноставно е културно, љубезно и фино.

10. Девојката може да изгледа убаво, атрактивно, слатко и секси, но вистинската убавина сепак доаѓа од внатре.

11. Плати ја вечерата и купи и’ цвеќе. Не затоа што така е поверојатно да добиеш секс, туку затоа што тоа е убав гест.

12. Имајте секс тогаш кога и двајцата ќе бидете подготвени. Не затоа што вашите пријатели веќе имале такво искуство и не затоа што хормоните ви дивеат. Направете го тоа кога ќе бидете физички и емоционално подготвени.

13. „НЕ“ значи „НЕ“. Дури и „МОЖЕБИ“ значи „НЕ“. Само „ДА“ може да значи „ДА“.



14. Иста работа заслужува иста плата. Иста плата заслужува иста работа. Толку е едноставно.

15. Твојот пол не може да те дефинира. Не те дефинира ниту твојата работа, ни сметката во банка. Биди храбар и фин, биди добар пријател и кон сите однесувај се со почитување. Ете тоа се квалитетите кои те дефинираат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби