ИСКРЕНИ И ГОЛИ ПРЕД САМИТЕ СЕБЕ

Никој не е доволно маж да се „расоблече“ до крај

Оваа не е инсинуација за физичкото соблекување, туку она суштинското расоблекување, душевното. Она кога сте искрени и голи пред самите себе. Без маски и заштитни оклопи.



Драги фатални заводнички и неодоливи Казанови, токму вам ви се обраќам. Вие кои си го имате „наредено“ животот со брак и деца, но страстните авантури надвор од него не ви се непозната активност. Знам дека ве има многу, на секој чекор, за жал.

Токму вашата реакција на текстот за изневерувањето, кое е опишано дека е неодоливо како чоколадо, но токсично за целото семејство, е она што ја разбуди мојата инспирација, да не кажам љубопитност со доза на револт. Очигледно, секој е прв да загриза од забранетото овошје, но никој не сака да признае колку погрешна работа прави и кои се последиците кои потоа неизбежно се провлекуваат.



Не е никаква новост фактот дека загрижувачки процент од луѓето кои се во брак изневеруваат. Само во Скопје, низ ноќните локали јурат бедници од мажи во фазата на втор пубертет, кои чувството да се биде жив го добиваат искусувајќи го вкусот на младите девојки. Не се подобри ни овие вториве, со оглед на тоа што повеќето од нив знаат во што се впуштаат. Не велам ни дека се подобри неверните сопруги, од друга страна, кои наместо да се соочат со своите зафатени бизнисмени, ги трошат нивните пари по салоните за разубавување (единственото нешто што го добиваат од бракот), па така освежени и средени, вниманието и нежноста ги бараат во прегратките на другите мажи.

Тоа што ме фрапира е оној психолошки момент што никој не сака да признае дека прави погрешна работа – неморална и предавничка за семејството, а најмногу за децата! Можеби можете да признаете дека не сте толку добар сопружник, но помислата дека потфрлате во улогата на родител ве боли, зар не? Пече како насилно отворање на штотуку зарасната рана.



Како причини за изневерување најчесто се издвојуваат нефункционалноста на бракот, неможноста сексуално да се одолее на одредена личност, како и чувството на запоставеност од страна на брачниот партнер. Но, може ли посегнувањето по друга личност реално да биде оправдано, кога проблемот со кој тој „ќор сокак“ се решава е единствено со соочување, па макар и крајниот исход да биде пакување на куферите и оставање на чеизот зад себе?

Изневерувањето несомнено е деструктивен и кукавички избор, од кој подебелиот крај ќе го извлечат токму вашите деца. Последиците од она што го гледаат или само чувствуваат, може да се провлечат во нивните карактерни црти, врежувајќи го чувството на несреќа и извртени вредности како одекнувачка нота и во нивната судбина, не само во вашата.



Затоа, извикајте гласно во себе, па и надвор од себе: ВИСТИНА Е, ОНА ШТО ГО ПРАВАМ НОСИ СТРАШНИ ПОСЛЕДИЦИ! Размислете трезвено за последиците и конечно влезете во улога на возрасна и одговорна личност. Инфантилноста требаше одамна да ја оставите зад вас, барем од моментот кога сте станале родител. Тоа им го должите на вашите деца.

Внимавајте луѓе, грижата на совест е опасна работа. Особено доколку се лажете самите себе и се обидувате да ја потиснете, дрогирајќи се со адреналинот кој го нуди туѓиот плен. Грижата на совест е тивок убиец, кој полека, но сигурно ви го краде душевниот мир, па затоа не си играјте со неа. Без спокојство и мирна душа немате ништо, па макар и креветот да си го валкате со еден куп жени. Одличен аргумент за ова што го говорам се и научните факти - истражувањата покажуваат дека токму заради грижата на совест, многу мажи кои изневеруваат стануваат импотентни.



Додека вие се обидувате да си олесните, искривувајќи ја сликата во вашата глава, реалноста си останува онаква каква што е – сурова. Неа не можете да ја измените додека си ги смкнувате гаќите, а го исклучувате разумот.

Не дека доколку признаете, половина грев ќе ви биде простен, но тоа е првиот чекор кон здраво решавање на ситуацијата, која отишла во бестрага. Еднаш ќе мора да го сторите тоа. Подобро милом, отколку силом, што би рекле старите.

На крајот од денот, сетете се дека сјајот во очињата на вашето дете кога му раскажувате приказна за добра ноќ носи далеку поголема сатисфакција од проклето примамливата миризба на туѓата жена во доцните ноќни часови.

А.Ш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби