Изберете да бидете среќни

Луѓето честопати велат дека би биле далеку посреќни кога би имале подобра работа, повеќе време како и повеќе пари. Но, за волја на вистината секогаш кога го имаме едното, ни недостига другото и речиси никогаш не можеме да го пронајдеме идеалниот баланс.

Дали тоа значи дека никогаш не можеме да бидеме потполно среќни?

Сосема напротив! Менувајќи го својот став и однесувањето учите како да им кажете НЕ на негативните искуства и чувствата кои што прават да се чувствувате лошо.

Немам среќа...

Среќата е насекаде околу нас, само треба да и дозволиме да допре со нас. Нашите емоции понекогаш не ни дозволуваат да ги согледаме нештата онакви какви што се. Фокусирајќи се на лошите моменти, забораваме дека животот не завршува со едно негативно случување. Со тоа самите си го блокираме патот до новите прилики и можности.

Сите луѓе се исти...

Денешното општество создава многу емоционални вампири и лицемерни луѓе чија основна цел е да го приграбат туѓото. Но, тоа не значи дека ако сте налетале на еден или двајца од овој тип на луѓе, дека треба сите преостанати да ги сместите во истиот кош. Она што најмногу ви оди во прилог е да ги отстраните сите оние нешта и луѓе кои не ве прават среќни и имаат за цел постојано да ве поткопуваат. Наместо гнев и бес, подарете им насмевка и едноставно заминете. Бидете свесни дека животот е краток и нема репризи Зошто да трошите време на нешта кои нема да ве исполнат?

Не можам да го направам тоа! Не можам....

Паниката е најлошиот советник на кој што ќе налетате. Таа е вашиот внатрешен непријател, тројанскиот коњ кој морате на време да го совладате затоа што еднаш кога ќе започне да се манифестира однадвор ќе биде тешко да се смирите. Паниката е израз на стравот во себе си и своите способности. Соочете се со она што ве мачи . Колку побрзо се соочите, толку побрзо ќе завладеете со себе си и нема да дозволите околината да го дефинира вашето расположени. Анализирајте се себе си и поместувајте ги сопствените граници. Ќе се изненадите!

Љубомората ме убива...

Љубомората која ја чувствувате кон некого никогаш не е поврзана со таа личност, туку напротив со вас и вашите емоции. Таа е потсетник на сите оние нешта кои ги криете длабоко во себе и чувствата кои ве измачуваат. За да и одолеете, треба добро да размислите што е она што навистина ја предизвикува. Дејствувајќи врз причината, ќе се справите со последицата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби